ИЗБОРИ ВО САД: Дали Захарова има фаворит?
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2024
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова нема фаворит на изборите во САД.
Според неа, на Русија не ѝ е грижа како ќе завршат претседателските избори во САД бидејќи постои консензус за конфронтација со Москва.
„На Москва, генерално, не ѝ е грижа како ќе завршат овие избори, имајќи предвид дека во САД е формиран двопартиски консензус кој се однесува на конфронтацијата со нашата земја“, изјави Захарова.
Покрај тоа, таа додаде дека Москва ќе биде подготвена да ги разгледа предлозите на Вашингтон.
„Доколку нешто се промени во американската политика и има предлози упатени до нас, ќе бидеме подготвени да ги проучуваме во согласност со руските интереси“, вели Захарова.
Портпаролката рече и дека Русија сака американскиот народ да ја надмине кризата на демократијата и поделеноста во општеството. Во трка за претседател на САД се екс претседателот Доналд Трамп и Камала Харис.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.