НЕТАНЈАХУ ГО СМЕНИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА: Ја кажа и причината за оваа одлука
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2024
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант.
Наведувајќи го недостатокот на меѓусебна доверба, Нетанјаху објави дека го отпушта министерот за одбрана.
„За жал, иако имаше доверба во првите месеци од војната и имаше многу плодна работа, во последните месеци таа доверба пукна меѓу мене и министерот за одбрана“, наведе Нетанјаху.
Него ќе го замени министерот за надворешни работи Израел Кац. Министерот без ресор Гидеон Сар ќе го замени Кац како министер за надворешни работи.
Лани на 7 октомври, палестинската терористичка група Хамас, го нападна Израел, по што израелската армија почна операција во Газа. Постојано разменуваа оган и со Хезболах.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.