УМЕРОВ ПОТВРДИ: Украинските сили се судриле со севернокорејските во Курск
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2024
Украинската армија се вклучи во борба со севернокорејските сили.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров денеска ги потврди извештаите дека украинската армија се вклучила во борба со севернокорејските сили за прв пат откако Пјонгјанг ги испрати своите сили во Русија.
Во интервју за јужнокорејските медиуми, Умеров изјавил дека имало „мали судири“ меѓу вооружените сили на Украина и севернокорејските војници, но не навел други детали, пишува бриселскиот портал Политико.
За тоа дали ова значи дека Северна Кореја официјално влезе во војната, Умеров одговори потврдно.
„Мислам дека е така. Тоа беше конфликт. Очекуваме уште конфликти во наредните недели“, изјави Умеров.
Повеќе од 10.000 севернокорејски војници сега се во регионот Курск за да помогнат во инвазијата на Москва на Украина, соопшти денеска Пентагон.
Украинските сили на 6 август годинава упаднаа во Курск и го окупираа регионот.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.