БАЈДЕН ОДОБРИ И ПРОТИВПЕШАДИСКИ МИНИ ЗА УКРАИНА: САД очекуваат да ги користи на своја територија
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2024
Претседателот Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за Украина, изјави американски официјален претставник за Ројтерс, потег што може да помогне да се забави рускиот напредок на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од Соединетите држави.
Соединетите Држави очекуваат Украина да користи мини на своја територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили, рече претставникот. „Вашингтон пост“ прв објави за развојот на ситуацијата.
Соединетите Држави ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додаде официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен.
Москва го обвини Западот за ескалација
Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „неупорни“ и стануваат инертни по однапред одреден период, рече претставникот. Тие бараат батерија за да се детонираат и нема да експлодираат откако батеријата ќе се испразни.
Украина употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија во вторникот, искористувајќи го новото овластување од администрацијата на Бајден на патот до 1.000-тиот ден од војната.
Москва рече дека употребата на ATACMS, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон и ја доставил на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.
Н1.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.