СРБИ ЛАЖЕЛЕ ГЕРМАНКА ДЕКА НЕЈЗИНАТА ВНУКА ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР АКО НЕ ДАДЕ ПАРИ: Жената ги намамила за да ги уапси полицијата
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2024
Пензионерка од Германија надмудрилa измамници од Србија.
Српски државјанин (19) е уапсен во Германија откако смислил измама со други членови на криминална група, но наместо да измами постара жена (82) да им даде 200.000 евра, таа го намамила во стапицата, пренесува Нова.рс.
Полицијата на Горна Баварија соопшти дека е уапсен млад човек поради сомнение дека се обидел да измами жена од општина Дахау во Баварија. Група измамници во петокот попладне во 15.00 часот контактирала 82-годишна старица. Во телефонски разговор и било кажано дека нејзината внука направила тешка сообраќајна несреќа и дека затворот може да го избегне само со уплата на депозит од 200.000 евра. Сепак, таа ги задржала на телефон и повикала полиција.
„Телефонскиот разговор благодарение на вештиот пензионер траеше повеќе од два часа. Во текот на разговорот таа успеала да повика полиција и да ја извести за тоа што се случува“, соопштија од полицискиот штаб на Горна Баварија, а пренесува pfaffenhofen-today.de.
Договорот бил еден од измамниците да дојде пред нејзиниот имот и да ги земе парите. Но, наместо старицата, полицијата наишла на 19-годишен млад човек од Србија, која веднаш го привела.
Во саботата е однесен на распит, а потоа бил сместен во воспитно-поправен дом. По други членови на групата е распишана потерница, а истрагата продолжува. Измами о ваков тип имаше и во Македонија и дел од старите лица беа измамени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.