Бакојани побарала оставка на Варуфакис
Објавено во: Балкан 27 Април, 2015 15:38
Пратеничката од главната грчка опозициска партија Нова демократија Дора Бакојани бара оставка на министерот за финансии Јанис Варуфакис. Според неа тој е „тежина“ во кабинетот на владејачката партија. Таа го обвини исто така и за „поткопување на националните интереси на Грција“, пишува весникот „Вима“.
Тешките обвинувања од страна на Бакојани обајвени на локалната телевизија „Скај“, истакнувајќи дека Варуфакис би се повлекол од министерските место, „ако барем малку имаше чувство на патриотизам“.
„Варуфакис е товар, опседнат од нарцизмот и живее со мислата дека е центар на универзумот. Најдоброто што може да направи за да му олесни на премиерот Ципрас е да си поднесе оставка“, изјавила Бакојани.
Поранешната министерка за надворешни работи и градоначалничка на Атина смета дека кабинетот на Ципрас може да постигне договор со меѓународните кредитори и на тој начин да обезбеди нормално финансирање на Грција.
Бакојани, исто така, смета дека Ципрас нема да оди на нови избори, за да излезе од сегашната тешка ситуација.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




