БАЛКАНОТ НА УДАР НА СИЛНО НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВИ: Во следните денови невреме и во Македонија?
Објавено во: Македонија, Балкан 16 Мај, 2023 08:09
Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Средоземјето, над Италија а потоа и над Јадранското море, и во следниот период во Македонија продолжува променливото и МНОГУ НЕСТАБИЛНО време со повремени локални врнежи од дожд.
Од пладневните часови па натаму ќе биде и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Во Скопје и околината исто така продолжува нестабилното време, а во делови од котлината ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите речиси насекаде ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат и малку над 25 степени, што значи дека сеуште нема никаква најава за првиот изразен топол Африкански бран, и за истиот ќе се изначекаме.
Инаку целиот регион е зафатен со интензивни дождови, а особено во Хрватска и Босна има и поплави, каде во делови од овие држави има и евакуација на граѓани. Интензивните врнежи ќе продолжат и понатаму, а овие поплави се само почеток. Низ целиот Балкански Полуостров понатаму е можно и ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ, затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Од друга страна пак, во Алпскиот регион има интензивни снежни врнежи, вистинска снежна бајка и владее вистинска зима во мај, вели метеорологот Славчо Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




