15 Мај, 2024
0.0282

Балканот се полни со имигрантски пари

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Парите што имигрантите во нордиските земји ги испраќаат во своите татковини имаат големо значење за економијата на земјите приматели, покажува една нова студија изработена при шведскиот Универзитет во Гетеборг.

Во некои земји приходите од приливот на имигрантски дознаки се поголеми од странската помош и странските инвестиции.

Во истражувањето се обработуваат позитивните ефекти врз домаќинствата во земјите приматели на иселенички пари.

- Предмет на моите студии беше како овие приватни трансфери влијаат врз субјективното доживување на семејната економија во домаќинствата во татковината на имигрантите, изјави Лиса Андерсон, доктор по политичка економија при Универзитетот во Гетеборг.

Главен заклучок врз база на истражувањата е дека тие што се приматели на имигрантски дознаки сметаат дека имаат посилен приватен буџет од граѓаните кои не се приматели на пари од странство. Тие, исто така, веруваат дека тоа влијае позитивно на економската ситуација во земјата.

Земји од подрачјето на поранешна Југославија, вклучувајќи ја и Македонија, се вбројуваат меѓу поголемите приматели на имигрантски пари од нордиските земји Шведска, Норвешка, Данска и Финска.

Најголем прилив на пари од иселениците од нордиските земји имаат Полска, Филипини, Тајланд и Пакистан.

Според проценките на Светската банка од октомври минатата година, се очекувало мигрантите во глобални рамки да испратат 550 милијарди долари во своите земји во текот на 2013 година.

Во 2016 година се очекува вкупниот износ на имигрантските пари да се зголеми на околу 700 милијарди долари, од кои поголемиот дел завршува во земјите во развој, пишува шведскиот весник „Гетеборг-постен“.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници