Балканска земја две недели во карантин и без јавен превоз
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Ноември, 2020
За да го спречи ширењето на коронавирусот, Словенија ќе биде две недели во карантин и без јавен превоз.
Ќе се затворат сите продавници, освен оние што продаваат храна.
Училиштата и градинките остануваат затворени.
За венчавки ќе биде потребна дозвола од Министерството за труд.
Некои од тие мерки ќе стапат во сила денеска, а другите ќе важат од сабота или понеделник.
Промени се воведуваат и на границите.
„Од 16 ноември сопствениците на имот во соседната земја повеќе нема да можат да влегуваат во Словенија без карантин“, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Веќе нема да може да се посетуваат членови на семејството на 72 часа надвор од Шенген зоната.
Во Словенија вчера се регистрирани 1.508 случаи со корона висру, а од последиците на истиот починаа 38 пациенти.Повеќето земји во регионот го вратија полицискиот час.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.