Бандиќ пуштен од затвор со кауција од 2 милиони евра
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2014 19:18
Истражниот судија на загребскиот жупански суд денеска ја прифати кауцијата која денеска за одбрана од слобода ја понуди обвинетиот загребски градоначалник Милан Бандиќ и неговите соучесници во аферата „Аграм“ кои и понатаму се наоѓаат во Реметница.
Обвинителката Ксенија Кризман после рочиштето река дека судијата Зденко Посавец го прифатил предлогот на осомичениот да му се одреди истражен затвор, но оставил можност сите да се бранат од слобода со приложена кауција која е поголема од претходно.
На Бандиќ, како што се дознава неофицијално, за излегување од Реметница е прифатена кауцијата од околу 15 милиони куни во недвижности на неговите пријатели, што е најголемата понуда за одбрана од слобода после 12,4 милиони куни кои во недвижности ги вложиле пријателите на поранешниот премиер Ив Сенадер, јавува хрватската државна агенција ХИНА.
Со истрагата се опфатени вкупно 16 лица и две фирми, а Обвинителството најавува блокада на имотот и испитување на најмалку 270 сведоци во текот на истрагата што може да потрае со месеци.
Во сите случаи, градоначалникот на Загреб се сомичи дека го оштетил градот со кој управувал 12 години, освен во случаите поврзани со претседателската изборна кампања каде поради неплаќање на данок на донации примени после изборите во 2010 наводно го оштетил и државниот буџет.
Вкупната штета Обвинителството ја проценува на околу 2,6 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




