Бангладеш: Десетици исчезнати при судир на траект со товарен брод
Објавено во: Свет 22 Февруари, 2015 11:48
Траектот на кој имало помеѓу 150 и 250 луѓе потонал во централен Бангладеш после сударот со товарен брод.
Несреќата се случила кога МВ Мостоф на реката Падми се судрил со товарен брод, рекол за АФП началникот на локалната полиција.
„Педесетина луѓе успеале да допливаат до брегот или да се качат на други бродови“, рекол Ракибуз Заман.
Спасувачите денеска од реката извлекле безживотно тело на дете и трагаат за преживеаните, јавува ДПА.
Потонатите траекти се чести во Бангладеш.
Според официјални податоци, повеќе од 95 посто од бротчињата за сообраќај не ги задоволуваат сигурносните прописи.
Низ Бангладеш, една од најсиромашните азиски земји, протекуваат повеќе од 230 реки па речниот промет таму е главен вид на превоз, пред се на југот и североистокот од земјата.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




