БАНКАРИТЕ НЕ СЕ ПРЕЦИЗНИ ДАЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД ДИВИДЕНДИТЕ - велат, секогаш се грижиме за стабилноста
Објавено во: Финансии 26 Март, 2020 07:07
Откако Народна банка им порача дека очекува од нив добивката што ја оствариле лани да не ја делат за дивиденди, туку да ја искористат за зголемување на капиталот, дел од банкарите за Фактор велат дека тие како и секогаш досега, и во овој кризен период ќе се грижат да задржат соодветна висина на адекватност на капиталот, а со тоа и поддршка на бизнисот.
„Ние апсолутно секогаш ќе се грижиме да задржиме висина на капитална адекватност и висина на ликвидност, со цел да се обезбеди стабилност на банкарскиот систем, а со тоа воедно и поддршка на бизнисите и на економијата воопшто“, коментираат дел од банкарите за Фактор.
Сепак, оттаму нема прецизен одговор дали ќе си скратат од дивидендите, а за сметка на тоа тој дел од добивката да ја зголеми банкарската сила, што ќе даде повеќе простор за кредитирање во кризниот период, но и да се покријат кредитните загуби до кои ќе дојде поради тешката состојба во која ќе се најдат граѓаните и фирмите.
„За тоа дали ќе ги намалиме дивидендите, тоа не би можеме да го коментираме однапред. Тоа ќе бидат одлуки на собранијата на акционери, и тоа се ценовно чувствителни информации за кои откако ќе бидт донесени одлуките, јавноста ќе биде информирана преку Берзата, согласно правилата“, објаснуваат банкарите.
Народна банка ова не може да го нареди, но може да им го препорача на банките. Очекувањата на монетарните власти се банките - добивката остварена во измината година да ја стават во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал, и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив.
„Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите коишто се нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот КОВИД-19 врз домаќинствата и правните лица“, објаснија од централната банка.
А за олеснување на условите на кредитите на граѓаните и фирмите, банкарите велат дека Владата треба да ја донесе Уредбата со која тоа ќе им се овозможи, но одлуката пак ќе биде на страна на банките.
„Односно, со Одлуката на Народна банка на Македонија за промена на Одлуката за кредитниот ризик, и со Уредбата на Владата што треба да се донесе, ќе им се овозможи на банките да дадат поповолни кредитни услови на граѓаните и фирмите, а тие се одлагање на наплатата, рефинасирање, како и други поповолни услови. Значи, на банките тоа ќе им се овозможи, но тие со оваа одлука и со уредбата нема да се задолжат да го сторат тоа. Односно, ниту НБМ ниту Владата тоа не можат да им го наредат на банките“, велат банкарите.
Од банките велат дека штом помине уредбата, тие ќе овозможат одложување на плаќањата на подолги рокови, на оние категории граѓани и фирми што имаат проблеми, односно се во загрозената категорија.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





