АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
Објавено во: Финансии 02 Декември, 2025 07:30
Вчера министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека за само 12 часа, Сејф сити успеал да евидентира 65 илјади прекршоци од страна на возачите.
- Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистрирано возило 1000“, порача вчера Тошковски.
Но, што велат пресметките? Колку пари ќе инкасира државата само од наплата на казните?
Иако генерална статистика за тоа која е најчеста казна за прекршок на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Македонија нема, од кратката анализа што ја направи „Фактор“, речиси и да нема возач кој не ја „заработил“ казната од 45 евра (или половина од износот) за движење со возило со брзина над дозволената.
Доколку претпоставиме дека сите возачи казната ја платиле за половина износ, до 8 дена од добивањето на казната, тогаш пресметката вели дека МВР, на својата сметка од граѓаните кои добиле казна од 45 или половина - 22,5 евра, ќе инкасира близу милион и пол евра во рок од еден до 8 дена.
Ако истиот број возачи го прават истиот прекршок цел месец, државата ќе инкасира 43.875.000 евра.
Но, ако сите не ја платат казната во периодот кога за нејзино плаќање има намалување на сумата, тогаш тие 65 илјади казнети возачи, на државата ќе и донесат неверојатни близу 3 милиони евра дневно.
Ако истото темпо се одржува секој ден во времетраење од 30 дена, државата ќе инкасира неверојатни 87.750.000 евра.
Секако постојат и казни кои се значително пониски или повисоки, во зависност од видот на прекшокот.
Д.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?
Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили
„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието
СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра
МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години
Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?
ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител
ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија




