26 Април, 2024
0.0324

Банкарите рушат рекорди со заработките: Еве колку инкасираа од камати, а колку од провизии

Објавено во: Економија 15 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Стопанска банка оствари добивка од 44,5 милиони евра лани, НЛБ банка од 34, 5 милиони евра, а Комерцијална банка во 2018 година прокнижи добивка од 28,9 милиони евра – петте големи банки имаат импресивни резултати, но какви се показателите за сиот банкарски сектор. Фактор го анализира билансот на успех за сите банки, а анализата покажува дека банките лани срушија нов рекорд по остварената добивка. Имено за цела година банките во земјава имаат добивка по оданочување од 135,8 милиони евра. Ова добивка е за дури над 27 проценти повисока од остварената во 2017 година кога банките прикажаа позитивен финансиски резултат од 106,5 милиони евра.

Податоците од билансите на успех кои ги објави Народната банка покажуваат дека најголемиот дел од оваа добивка ја креирале големите банки кои лани прикажале профит од над 128 милиони евра. Добивката на средните банки изнесува над пет милиони евра, додека сите мали банки имаат добивка од 2,7 милиони евра.

Билансите покажуваат дека банките лани оствариле приходи од камати во вкупна вредност од 318,8 милиони евра, а нето приходите од камати се 250 милиони евра. Банкарите наплатиле на име провизии и надоместоци од граѓаните и фирмите дури 7,5 милиони евра.

По банки, најголема добивка прокнижи Стопанска банка Скопје или во 2018 година банката има добивка од 44,5 милиони евра. Оваа добивка е за 11,4 милиони евра поголема од добивката на банката во 2017 година.

НЛБ Банка има прифит од 34,5 милиони евра, додека Комерцијална банка ја заврши годината со добивка од 28,9 милиони евра. Добивката на Охридска банка Сосиете женерал е околу 9,4 милиони евра.

Инаку Фактор веќе пишуваше дека најголемите четири банки во земјава имаат бруто кредитни пласмани во износ од 3,4 милијарди евра на крајот од 2018 Во споредба со крајот на 2017 година вредноста на бруто кредитите пласирани во македонската економија е поголема за 170,8 милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто