25 Ноември, 2024
0.0269

БАНКАРИТЕ СО ПОМАЛИ ПРОФИТИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ - короната не е причина, но како ќе „удри“ понатаму

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Повторно се профитабилни, но нивните вкупни добивки во првите три месеци од годинава се пониски од оние остварени во истиот период лани.

Петнаесетте македонски банки првиот квартал од годинава го завршиле со вкупен профит од 18,6 милиони евра. Тоа е за 12 милиони евра помалку во однос на истата временска отсечка од лани, кога вкупните банкарски профити тежеле 30,8 милиони евра.

Ова намалување на профитот се случува во кварталот пред корона кризата, односно пред банките да им дадат можност на своите клиенти да го одложат плаќањето на кредитните обврски во период од шет месеци, односно од април заклучно со септември годинава, а за кој сепак ќе се пресметува каматата.

Тоа значи дека во вториот квартал од годинава банките најверојатно ќе прикажат поголем пад на својата профитабилност, но за колку, ќе се знае откако конечните бројки ќе ги објави централната банка.

А податоците на Народната банка говорат дека петте големи банки, како и секогаш, го направиле најголемиот дел од профитниот колач во банкарскиот сектор. Сепак, од јануари заклучно со март годинава, тој е намален за околу 5 милиони евра. Или, ако во првиот квартал лани големата банкарска петорка прикажала профит од близу 29 милиони евра, во истиот тајминг од годинава тој изнесува 24 милиони евра.

Најмногу состојбата им се влошила на седумте средни банки, па ако тие во првиот квартал од минатата година имале некоја мала вкупна добивка од 1,4 милиони евра, во првото тримесечје од годинава завршиле со загуба од шест милиони евра.

Малите банки, пак, кои се три на број во земјава, биле во слична состојба, односно во првиот квартал од годинава прикажале вкупен профит од 550 илјади евра, што е мал раст во однос на 420 илјади евра колку што имале добивка во истиот период лани.

Зошто се намалени банкарските прифити во првиот квартал од годинава, анализата на Фактор покажува дека тоа главно се должи на зголемувањето на исправките на вредноста за лошите пласмани. Односно, како се влошува категоријата на одредени кредити во банката, така таа мора за нив да издвојува поголеми резервации, што се книжи како расход, и влијае на намалување на профитабилноста на банката.

Или, исправките на вредноста за резервациите за лошите пласмани во првиот квартал од годинава изнесувале 24 милион евра, наспроти 12,5 милиони евра во првите три месеци лани. Тоа е пораст на овој вид расход за 11,5 милиони евра, што значи дека тука всушност лежи главната причина за намалување на банкарските профити на стартот на оваа година.

Кога станува збор за приходите од камати, тие биле слични и во првиот квартал лани, 78 милиони евра, со првиот квартал годинава, кога изнесувале само еден милиони евра помалку. Помали за еден милион евра оваа година биле и расходите за камати, односно 15,6 милиони евра, наспроти 17,4 милиони евра во ланскиот прв квартал.

Или, главниот банакрски прилив, а тоа се нето приходите од камати, во првите три месеци од годинава изнесувале 61,5 милиони евра, што е слично на 60,8 милиони евра во првиот квартал од 2019 година.

Нешто над 19 милиони евра биле остварени од нето приходи од провизии и надоместоци, исто колку и во минатогодишниот прв квартал. Слични биле и приходите од курсни разлики, и тоа 4,2 милиони евра годинава и 3,4 милиони евра во првото тримесечје лани. Годинава за околу 1,5 милиони евра пораснале останатите приходи од дејноста во банкарскиот сектор, што не е голема разлика.

И кај расходната страна, освен исправките на вредноста, нема големи разлики. Како трошоци за вработените во првиот квартал од годинава банките потрошиле 20,5 милиони евра, што е за околу 600 илјади евра повеќе од истиот период лани. Останатите расходи на дејноста годинава се поголеми за 2,3 милиони евра, и изнесуваат 23 милиони евра.

Од големата банкарска тројка, Стопанск банка Скопје и НЛБ Банка имаат скромен раст на добивките, наспроти Комерцијална банка, каде е регистрирано намалување на профитот.

Стопанска банка Скопје во првите три месеци од годинава има остварено нето добивка пред оданочување во износ од 9,86 милиони евра, што е раст од 1,1 отсто споредено со нето добивката остварена во истиот период минатата година.

Зголемување на профитот има и НЛБ Банка, која во првите три месеци од годинава оствари нето добивка од 6,8 милиони евра, што претставува пораст од 1,9 отсто во однос на остварената нето добивка од истиот период од претходната година.

Комерцијална банка, пак, во првиот квартал од годинава има остварено нето добивка од 3,54 милиони евра, што е двојно пониско од првиот квартал лани, а главна причина за ова се токму резервациите кои се повисоки од ланскиот период.

„Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 217,5 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 435,2 милиони денари, што претставува намалување за 50 отсто“, наведе банката во коментарот на својот финансиски извештај.

Целата мината година, пак, 15-те македонски банки ја завршиле со вкупен профит од 108,7 милиони евра, за разлика од годината претходно, кога на нивните конта на име добивка се слеаја дури 135,8 милиони евра. Или, вкупните добивки во банкарскиот сектор во земјава прокнижени за минатата година се за 27 милиони евра пониски од оние во 2018-та година.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“