Банкарски Групирања: Ерсте Банк и Рајфајзен Банк во игра за окрупнување на македонски банки?
Објавено во: Финансии 16 Април, 2013 07:48
“Не можам да коментирам шпекулации. Она што е фактичка состојба е дека Шпаркасе Банка ќе биде дел од банкарскиот систем во Македонија. Конкуренцијата меѓу банките е здрава работа и треба да се развива во корист и на штедачите на и на целата економија“ - изјави Бишев.
Се погласни се тврдењата дека освен менаџерски транфери, следуваат и банкарски групирања. Гувернерот Димитар Богов веќе потврди дека интерес има но и дека комбинаториките би се случиле меѓу веќе постоечките банкарски брендови во Македонија.
“Има разговори, има интерес. Нема некои големи банкарски имиња од странство, тешко е да се очекува во вакви околности, кога банките секаде во светот се преокупирани со свои сопствени проблеми. Меѓутоа очекувам, и јас го стимулирам тоа да има окрупнување во македонскиот банкарски сектор. Можни се спојувања, преземања, главно меѓу постоечките банки “ – изјави неодамна гувернерот Димитар Богов.
Втора банка за која се лиферуваа информации за можни сопственички поместувања е НЛБ Тутунска Банка, која е во доминантна сопственост на словенечката НЛБ Љубљанска Банка.
“Јас не знам за оваа инфомација. Имам слушнато некои шпекулации за ова. Она што знам е дека во Нова Љубљанска Банка сега има ново раководство, тоа од минатата година работи на решавање на проблемот на Нова Љубљанска Банка. Разговорите се водат со Европската Комисија. Од првичните насоки што тие ги добија од Европската Комисија, а таа кога дава инструкции е доста ригидна, е дека некаде до 2014 та година словенците не можат да ја подигаат дивидендата во нивните банки кои што остваруваат добивка. Ова значи дека почнувајќи од лани добивката се реинвестира во фондовите на банката.“ - изјави за “Тренд“ на 24 Вести, Ѓорѓи Јанчевски, прв човек на НЛБ Тутунска Банка.
Сепак вели дека одлуките во Љубљана влијаат и во Македонија.
“Нето добивката на НЛБ Тутунска Банка од 8 милиони евра за лани ќе зварши во фондовите на Нова Љубјанска Банка. Ова значи дека се јакне капиталот на банката. Она што се рзмислува е дека мрежата што ја има Нова Љубљанска Банка во екс-државите од Југославија има додаена вредност а со тоа дава и вредност на самата банка. Што и да биде може само да се случи ние да добиеме само нов газда, но банката ќе продолжи да работи “ - изјави Јанчевски.
НБГ Стопанска банка и НЛБ Тутунска банка се двете, од трите најголеми банки во земјава. Во овие две групации доминира грчки, односно словенечки капитал. И покрај можните групирања и сопственички поместувања, Народната Банка испрати сигнал дека парите на граѓаните и на компаниите во банките се безбедни и заштитени со домашната законска регулатива.
Рајфајзен банка одамна е присутна во регионот
Во банкарските кулоари се споменува и уште еден банкарски бренд кој би можел да влезе во банкарскиот систем. Станува збор “Рајфајзен банк“ - уште една банкарска групација од Австрија. Познавачите упатуваат дека токму оваа банка, која веќе е етабилирана на сите регионални банкарски пазари, може да се појави како купувач на некоја од постоечките банки во земјава што веќе се под странска доминација.
Брендот на Рајфајзен Банк е присутен во Србија, Хрватска, Босна па дури и на Косово. Единствено во Македонија оваа моќна банкарска групација нема своја испостава.
За можниот влез на Рајфајзен банк во земјава се зборуваше уште во 2006 та година, кога се посочуваше можно преземање на една поголема банка или како втора опција - купување на две помали, односно средни банки.
Тогашните најави останаа само во зоната на шпекулација. Сега името на оваа банка, која котира меѓу најголемите во Австрија, повторно се враќа во игра.
И Стопанска банка го чека директорот
Од 1 ви мај, по официјалното повлекување на Глигор Бишев од директорската позиција во Стопанска Банка, ќе мора да се пополни и челната позиција во оваа банка.
Неодамна “Фактор“ објави дека прв човек на Стопанска Банка ќе биде гркот Константинос Братос, човек кој сега е претседател на Надзорниот Одбор на банката и личност од доверба на грчките газди.
Со евентуалното именување на странец за прв извршен директор на Стопанска Банка, а без при тоа да има промени на сегашните имиња во Управниот Одбор, менаџментот на банката ќе го сочинуваат тројца грчки директори и еден македонски директор. Сепак, опциите за прв човек се уште остануваат отворени. За новиот директор ќе треба да даде согласност и Централната банка.
Тим од групацијата НБГ веќе оставрил средба со гувернерот Димитар Богов на која им било предочено за роковите за именување на нов директор а било разговарано и за идните планови за работа на грчката банкарска групација на македонскиот пазар.
А.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





