19 Декември, 2025
0.0850

Банките тешко даваат позајмици, стопанствениците се жалат: без кредити нема раст!

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2013 20:37

Добивај вести на Viber

За економски раст во земјава треба банките да даваат повеќе кредити за компаниите, побараа присутните на Регионален форум на гувернери и министри за финансии од регионот.Според гувернерот на Нaродната банка, Димитар Богов, иако се спроведени мерки за зголемување на кредитирањето, резултатите изостануваат. „НБРМ не може повеќе да направи. Досега стореното не дава никаков ефект, има многу посилни фактори кои делуваат во спротивна насока. Ако Банката има наредба да не кредитира, не помагаат нашите мерки“, рече Богов и додава дека банките немаат мотив да даваат повеке позајмици поради конзервативната стратегија на странските сопственици на домашните банки. Вицепремиерот Зоран Ставрески пак не се откажува, вели дека има услови за зголемување на кредитирањето. „Ликвидноста на банките е на историски највисоко ниво. Адекватноста на капиталот е 17,1 процент, а нефункционалните кредити се 11,9 проценти и се со најниска стапка во регионот. Банките имаат простор да го зголемат кредитирањето на фирмите“, смета Ставрески кој повтори и дека Владата наскоро ќе обезбеди нова кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра. Слично како Гувернерот, и останатите банкарите не веруваат дека банките ќе почнат полесно да даваат кредити. Ако Банката има критериуми и ризици за давање кредит, деловната политика не дава многу простор дали проектот е добар, дали фирмата има добра кредитна историја вели Ѓорги Јанчевски од Здружение на банкари. Горан Рафајловски пак, претседател на Регионалната комора за Скопје, со остри тонови посочи дека банкарите треба реално да ги согледаат состојбите во економијата и поддржат бизнисот. „Аман веќе почнете да давате кредити на стопанството за да може тоа да почне да се развива. Не е страшно да се каже дека стопанството не е во најдобра форма и дека зависи од неколку сектори, но тоа е резултат на незнаење на стопанството како да дојде до пари и заради ригидната политика на банките.Ниеден бизнис во светот не се создал преку хипотекарни кредити,туку со бизнис програми меѓу бизнисмените и банкарите кој ќе овозможи влез во ново време на кредитирање“, истакна Рафајловски. Статистиките покажуваат дека нивото на нефункционални кредити кај стопанството достигна 14,9 проценти, а кај населението 6,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра