17 Декември, 2025
0.0517

Банкнотата од 500 евра привлечна само за криминалците?!

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2013 11:49

Добивај вести на Viber

Германските трговци и економските експерти бараат да се повлече банкнотата од 500 евра, со објаснување дека оваа пара е привлечна само за криминалците.

Надлежните банкарски институции се уште не се уверени дека укинувањето на оваа банкнота е оправдано.

Голем број Германци оваа банкнота, која има виолетова боја ја знаат само од весници и од телевизија. Оние кои ретко ја имале во рака знаат дека е многу тешко да се ослободат од неа.

Така на пример на бензинските пумпи уште на влезот стои известување дека не примаат банкноти од 500 евра од безбедносни причини. И во голем број продавници, посебно во помалите, продавачите одбиваат да ја примат.

Здружението за малопродажба смета дека банкнотата од 500 евра задолжително треба да се укине. Голем број на трговци во касите воопшто немаат означено место за чување на оваа банкнота и покрај тоа што се обврзани да ја примат секоја важечка банкнота.

Според прописите, трговците никој не може да ги принуди на некоја купопродажна трансакција доколку не сакаат да ја направат. Поради тоа, голем дел од нив ги враќаат муштериите кои сакаат да платат со банкноти од 500 евра.

Економистите, исто така се против банкнотите од 500 евра и сметаат дека тие се интересни само за криминалците и оние кои се занимаваат со перење на пари и корупција.

Меѓутоа, според германските медиуми Европската централна банка која е задолжена за нивно издавање се уште одбива да ги повлече банкнотите од 500 евра.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје