17 Декември, 2025
0.1548

Барот во Триумфалната капија се издава за почетна цена од 400 евра месечно

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2013 17:56

Добивај вести на Viber

Терасата на порта „Македонија“, се нуди под закуп на 5 години со намена кафе-бар и со почетна цена од 2,3 евра квадратен метар без ДДВ. Како што стои во огласот, заинтересираните лица кои ќе сакаат да отворат кафе бар на терасата ќе може да ја земат под кирија само доколку понудат повеќе од 400 евра месечно, бидејќи толкава е почетната цена за закупот на јавното наддавање. Се предвидува кафе-барот да работи осум месеци во годината. Сезоната ќе трае од 1 март до 31 октомври, со работно време од 18 часот до полноќ. Во огласот се вели и дека на товар на закупецот ќе бидат и комуналиите за просторот, како и трошоците за одржување на скалите и лифтот во објектот. Закупецот нема потреба од дополнителни инвестиции, бидејќи веќе е опремена со инвентар за функционирање на кафе-бар тераса, но во барот нема да се пушта музика. Јавното наддавање ќе се одржи на 1 јули. Ова е втор обид за давање под закуп на овој простор. Министерството за култура претходниот пат не успеа да најде закупец.  

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје