18 Декември, 2025
0.0520

БАТ рангиран меѓу првите три најуспешни компании во Футси 100 ЕСГ

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2021 12:09

Добивај вести на Viber

БАТ е именуван за трета највисоко рангирана компанија според оценката на ЕСГ во Футси -100 од страна на „Рефинитив“, светски давател на податоци за финансискиот пазар и подружница на групацијата Лондонска берза. БАТ постигна ЕСГ-резултат 91 од 100 и е највисоко оценета фирма во секторот за храна и тутун во светот.

Ова рангирање во првите три е последното од неколкуте признанија за БАТ поврзани со ЕСГ. Во 2020 година, компанијата освои над 200 награди, а за 2021 година веќе е рангирана за:

·  Златна класа во Годишникот за одржливост на С и П Глобал (S&P Global’s Sustainability Yearbook), ставајќи ја меѓу компаниите со најдобри резултати при мерењата на ЕСГ.

·  Највисока оцена за квалитет на социјални обелоденувања кај услугите на институционалните акционери (Institutional Shareholder Services’ (ISS) Social Disclosures Quality Score), со која се посочуваат најдобрите практики во класата за обелоденување на одржливоста.

·  Оценка „БББ“ во најновите рангирања на МСЦИ ЕСГ (MSCI ESG Ratings), што им помага на инвеститорите да ги идентификуваат и да ги разберат финансиски битните ЕСГ-ризици во портфолиото.

·  Член на одборот на Климатската А-листа на ЦДП (Проект за обелоденување на јаглеродниот отпечаток (Carbon Disclosure Project) и  на Лидер за вклучување на добавувачите (Supplier Engagement Leader), веќе втора година по ред, со што се оддава признание за неговите активности околу решавање на климатските промени.

·  Глобален врвен работодавач од страна на Институтот за врвни работодавачи (Top Employers Institute), четврта година по ред.

Во март оваа година, БАТ објави дека ќе постави уште повисока цел додавајќи нови еколошки цели, вклучително:

o  Јаглеродна неутралност низ целиот вредносен синџир до 2050 година

o  100% обновлива струја до 2030 година

o  100% од сите производствени локации серифицирани од Алијансата за управување со водите (Alliance for Water Stewardship (AWS)) до 2025 година

o  100% од сите производствени локации да имаат нула отпад за одлагање до 2025 година

„Освојувањето на над 200 награди во 2020 година беше исклучително признание за нашите достигнувања и покажува дека сме на пат да изградиме одржливо претпријатие за иднината. Задоволни сме што сме рангирани како една од трите најдобри компании на Футси-100 ЕСГ, што е доказ за нашите постојани напори. Во 2020 година се обврзавме на нови амбициозни цели за ЕСГ со цел да овозможиме Подобро утре за потрошувачите, општеството и за нашите инвеститори, и сме на добар пат да ги оствариме, вели Звонко Колобара, претседател на БАТ Адриа.

Во март 2021 година, БАТ го објави годишниот извештај за ЕСГ, покажувајќи значителен напредок во однос на целите, меѓу кои:

·  Зголемување на бројот на потрошувачи на негоречки производи за 3 милиони, на 13,5 милиони на крајот од 2020 година

·  Зголемување на приходите од Нови категории за 15% во 2020 г. во однос на 2019 г.

·  Зголемување на обновливата енергија на 26% - зголемување од 10% во споредба со минатата година и намалување од над 30% во вкупните емисии на јаглерод од 2019 г.

·  Намалување на повлечената вода за скоро 11% од 2019 година

·  Одржување на над 38.000 обуки за човекови права, со над 390.000 учесници низ целиот синџир на снабдување, и

·  Остварување застапеност на жените на раководни позиции од 38%.

БАТ е водечка компанија за стоки за широка потрошувачка од повеќе категории, основана во 1902 година. Нашата цел е да изградиме Подобро утре™ преку намалување на ефектите од нашата дејност врз човечкото здравје, што значи:

·  Заложба да им обезбедиме на возрасните потрошувачи широк спектар на помалку ризични производи

·  Континуирана транспарентност во поглед на фактот дека традиционалните цигари можат да доведат до сериозен здравствен проблем и дека единствен начин да се избегне таквиот ризик е воопшто да не се започне или да се прекине со нивно консумирање

·  Поттикнување на оние кои сепак продолжуваат да пушат, целосно да се префрлат на научно поткрепени алтернативи со помал ризик*

·  Следење и споделување на напредокот при нашата трансформација

Компанијата најави зголемување на бројот на потрошувачи на негоречки производи на 50 милиони до 2030 година и остварување приход од барем 5 милијарди фунти од Новите категории во 2025 година.

Комерцијална објава


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка