Bayer по спојувањето тешко 63 милијарди долари-го гаси името Monsanto
Објавено во: Свет 06 Јуни, 2018
Германската хемиска и фармацевтска компанија Bayer објави дека ќе го изгаси името Monsanto, откако оваа недела ќе го преземе контроверзниот американски произведувач на семиња и пестициди.
„Компанијата ќе се вика Bayer“, објавила групата со седиште во Левркузен во соопштението за јавноста. Додаваат дека заклучувањето на трансакциите, вредни 63 милијарди долари (54 милијарди евра) го очекуваат утре . Откако откупот биде заклучен, управата планира да го нарече споениот земјоделско-хемиски бизнис Bayer Crop Science, пишува германскиот бизнис весник Handelsblatt, повикувајќи се на „извор од индустријата“.
Monsanto, се занимава со производство на генетски и изменето семе. Поголем дел од тоа семе е генетски модифицирано да биде отпорно на нивните пестициди.
Со спојувањето ќе настане глобален гигант со 115 000 вработени и приходи од околу 45 милијарди евра. Bayer за потребите на финансирање на аквизацијата ќе собере 57 милијарди долари, вклучувајќи и издавање на нови акции во вредност од шест милијарди евра.
Исто така планираат да продаваат големи делови од постоечкиот земјоделско-хемиски бизнис.