БДП- то на Италија ќе се намали за 1,9 отсто
Објавено во: Свет 10 Јули, 2013
Меѓународната агенција за мерење на рејтинг „Стандард и Пурс" го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Италија од „BBB +" на "BBB", задржувајќи ја негативната прогноза.
Според експертите на агенцијата, економските перспективи пред Италија се влошуваат, конкурентноста на економијата на земјата е ниска поради високите плати и ограничувањата на внатрешниот пазар.
„Стандард и Пурс" предвидува за годинава , БДП-то на Италија да се намали за 1,9 отсто.
Агенцијата ги истакна негативните изгледи за италијанската економија и најави дека во текот на оваа или следната година повторно може да го намали рајтингот ако изгледите не се сменат.
Поради намалениот рејтинг владата позајмува пари со многу повисока каматна стапкa.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.