БЕБЕ СТАРО 18 ДЕНА ЗАРАЗЕНО СО КОРОНА ВИРУСОТ: Со мајката е хоспитализирано во Ковид 2 – центарот „Козле“
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2020 13:49
Во Институтот за белодробни заболувања
кај децата „Козле“, како Ковид 2-центар во држвата, во моментов се
хоспитализирани 5 позитивно дијагностицирани деца на корона вирусот и тоа најмалиот
пациент е бебе старо само 18 дена, а највозрасниот е тинејџер од 18 години.
-Бебето е тука со неговата мајка која исто така е позитивна на вирусот. Тријажата, дијагностиката и третманот на децата заболени од Ковид-19 се одвива непречено и покрај сите отежнати услови и извесни проблеми. Она што е посебно важно и би сакал да го истакнам е дека нивната клиничка слика е стабилна и без компликации. Педијатрискиот тим прави задолжителна протокаларна обработка при што се воспоставува понатамошен режим и третман. Според лабораториските параметри, малите пациенти или и понатаму остануваат хоспитализирани или се пуштаат на домашно лекување со задолжителен карантин, изјави директорот д-р. Ангелчо Андоновски.
Тој потенцираше дека е посебно значајно и тоа дека нема рехоспитализација на еден ист млад пациент.
-Од досегашното искуство при работа со деца позитивни на Ковид-19, може да кажеме дека нема повторна хоспитлизација на еден ист пациент, што значи дека постхоспиталните компликации или се минорни или воопшто ги нема, вели д-р. Андоновски.
Истовремено директорот нагласи дека во Ковид 2-центарот „Козле“ се хоспитализирани и 25 возрасни пациенти, од кои 6 се на кислородна поддршка. 85-годишна пациентка е со тешка клиничка слика.
Од почетокот на епидемијата во Македонија има околу 500 деца на возраст од 0 до 10 години и од 10 до 19 кои се заразиле со вирусот, од кои 74 се инфицирани само последните седум дена во јуни.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




