06 Декември, 2025
0.0841

БЕГ прикажа неколкукратно зголемени трошоци, греењето ќе биде изгор скапо

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Трите лиценцирани компании на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија прикажаа три пати поголеми трошоци за 2022 до Регулаторната комисија за енергетика.

Во барањата за одобрување на максимален приход и цена за 2022, БЕГ Производство од 27 мај бара да му се признаат трошоци од 3.399.409.230 денари, односно 54 милиони евра, додека за минатата година барањето било 759.254.478, или 12,5 милиони евра. Ланската пресметка е нешто помалку произведена енергија, но сепак разликата во трошоците и натаму е голема.

БЕГ Дистрибуција бара признавање на трошоци од 60 милиони евра, додека ланското барање на крајот од пролетта 2021 било 25 милиони евра. БЕГ Снабдување бара да му се признае најголем трошок - 68 милиони евра, што е за 40-тина милиони повеќе од ланското поднесено барање.

Од БЕГ признаваат дека вака поднесените трошоци ќе предизвикаат зголемување на цената на парно греењето и се создаваат услови за летно поскапување. Со ланското поскапување на природниот гас, а со тоа и на топлинската енергија, БЕГ како и останатите компании побараа повисока цена за сметките од 1 август 2021. 

- Согласно Правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија друштвата кои се носители на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска до РКЕ да достават податоци за остварените трошоци за вршење на регулираните дејности. Согласно ваквата обврска до РКЕ се поднесени барање за признавање на трошоците од работењето на друштвата.
Врз основа на овие податоци и одобрените трошоци за вршење на дејноста, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Р.С.М ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи во следниот период, ни одговорија од компанијата.

Владата изминатата грејна сезона ја субвенционираше со 6 милиони евра, пари кои што БЕГ треба да ги врати назад до крајот на годинава, според она што првично беше тогаш испланирано. Операторот не знае дали ќе продолжи субвенционирањето со евентуално поскапување на фактурите.

- Што се однесува на делот на субвенциите на потрошувачите на топлинска енергија, немаме одговор на ова прашање. Мерката за субвенција на потрошувачите на топлинска енергија е во  надлежност на Владата на РСМ, велат од таму.

Од 1 јануари парно греењето е поскапено за 14 отсто, но само за домаќинствата, додека останатите субјкети плаќаат уште поголемо зголемување.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, веќе рече дека од сите енергенси, најмногу го плаши поскапувањето на природниот гас, предизвикано од геополитички активности.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми