БЕГААТ ОД УРБАНИОТ ХАОС: Пандемијата го зголеми интересот за купување на викендици
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2021 07:15
Поради пандемијата на коронавирусот, се зголеми бројот на граѓани кои сакаат да избегаат од урбаниот хаос, и да престојуваат во природа на чист воздух. Од агенциите за недвижен имот велат дека пораснал интерeсот за купување на викендички.
На интернет има многу огласи каде се нудат за продажба викендици близу Матка, во Демир Капија, во Охрид, во Нижеполе, во близина на Бислимската клисура во околината на Куманово, во Младо Нагоричане, во Претор, кај Марков Манастир, во селата во струшко, во виничко, близу Тиквешкото езеро и на други локации. Дел од нив се со цени под 10.000 евра, но има и доста поскапи. Мали, монтажни, но и големи викендици на два ката со голем двор се дел од понудата. Дел се лоцирани во рамничарските, а дел во планинските места во земјава.
„Ние продаваме и куќа и викендица, и повеќе луѓе ни се јавуваат за викендицата. Луѓето сакаат мир, тишина, да се подалеку од градот. Знаеме како е да седите во карантин, а при тоа да сте во стан. Викендицата е навистина за уживање. Народот прашува за купување, но од друга страна е истоштен со пари, а ние мораме да држиме цена, оти во викендицата е вложен многу труд. Го продаваме имотот оти сакаме да си одиме од државата“, вели скопјанка.
Но, голем е бројот и на викендици кои се за изнајмување.
Во некои општини побарувачката е поголема од понудата, а цените варираат, и секој купува според своите можности.
„Коронавирусот донесе некои промени, така што има интерес за купување на викендици и луѓето сакаат да бидат надвор од урбаната средина“, велат од агенцијата за недвижнини Амари од Скопје.
Слично е и во Струмица. Граѓаните бараат викендички со средна големина на места каде има природни убавини и чист воздух.
„Се бараат викендици во Габрово, Колешино. Побарувачката е поголема од понудата, а цените се движат од 20.000 до 30.000 евра“, додаваат од агенцијата „Простор“ од Струмица.
Битолските агенции велат дека за разлика од порано, сега луѓето многу почесто бараат викендици, а за нив атрактивни се селата под Пелистер.
„Пред пандемијата многу помалку се бараа викендици, а сега тој интерес е за 20 до 30 отсто поголем. Пандемијата промени нешто во психологијата на луѓето и го сменија начинот на живот“, наведуваат од агенцијата „Стрелец“ од Битола.
Граѓаните од полошко, бараат викенд куќи во околината на Маврово, Попова Шапка, селата Лешок, Брвеница, Фалише.
„Градот доста се прошири, така што веќе нема место, и луѓето сфаќаат дека ако имаат два стана, подобро е наместо трет стан, да инвестираат и да си купат викендичка во некое од селата или плац. При избор на локација, секој гледа од каде му е коренот, од каде потекнува, и бираат место по таа логика“, додаваат од тетовска агенција за недвижности.
Но, бидејќи од 1 јануари три пати се зголемува данокот на имот за оној простор кој не се користи, не е исклучена можноста, луѓето кои поседуваат викендици, а при тоа не можат да ги одржуваат или пак се со една нога во странство, со што тие не им се неопходни, да ги продадат и да се ослободат од обврската за повисок данок.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




