27 Ноември, 2024
0.0317

БЕГСТВО ОД МЕТЕЖОТ И ЗАГАДЕНИОТ ВOЗДУХ: Повозрасните граѓани го напуштаат градот и заминуваат на село

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Луѓето во поодминати години, доколку имаат можности бегаат од урбаните средини каде воздухот е загаден, каде има метеж и престојуваат на село каде е помирно.

Дел од нив се занимаваат со земјоделство доколку се во добра здравствена кондиција. Велат дека дури и да не работат, добро им доаѓа чистиот воздух, мирот, тишината и пешачењето.

„Јас сум од Скопје, а живеам во селото Годивје. Ако имам некоја работа, одам во градот, за да ги завршам тие обврски и пак се враќам назад. Овде е мирно, тивко, динамиката на живот е поинаква. Автомобилот кога ќе го оставите, веќе не ви треба, можете пеш да одите, си има продавници. Дневно поминувам по 2 километри во пешачење. Има здравствени придобивки, ако шетате во борова или дабова шума, тоа ќе го почувствувате. Се ослободувате од стрес. Друга работа е што природата е прекрасна, незаменлива.  Има и други луѓе кои се вратени во село и се постари, имаат по 80 години“, раскажува Живко Ангелковски, пензионер.

Ваква случаеви има во сите краеви на Македонија.

„Познавам луѓе кои отидоа на село и тие се занимаваат со земјоделство или сточарство. Ги има и во поблиските и во подалечните села“, додава кумановка.

Дуфка Грујовска, општ лекар вели дека тие промени се позитивни за здравјето на повозрасните, но и за помладите генерации. Додава дека е благопријатно за здравјето на луѓето да бидат во населени места со почист воздух од оној во градовите. Физичката активност е добредојдена.

„Добро е за хронично болните, за луѓето со респираторни проблеми, но и за трудниците и за децата да бидат на чист воздух. Исто е добро да се пешачи еден час дневно доколку луѓето се во можност“, рече Грујовска.

Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција од Кичево вели дека во градот и околината, а согласно нивните движења  на терен како организација, може да потврди и за другите региони низ државата, дека селата имаат најмногу жители во текот на пролетта, летото и раната есен. Како што вели, ова најчесто се должи на фактот дека голем дел од населението, најчесто пензионери имаат и земјоделско производство, па на таков начин се и врзани речиси секој ден да престојуваат во селска средина. Од друга страна затоа што станува збор за повозрасна популација, мирот од градскиот хаос, чистиот воздух и природа, како и бегството од секојдневните стресни ситуации, а често пати и здравствените проблеми се вбројуваат како доста чести причини зошто жителите од градовите во летните месеци престојуваат на село. Исто така преку земјоделските активности си обезбедуваат еколошки чиста и здрава храна за себе и за своите најблиски, па животот на село за оваа категорија на граѓани има голем број на позитивни бенефити кои што ги користат секојдневно.

На пример, во селото Прострање (кичевско село на патот Кичево-Демир Хисар-Битола кое што се наоѓа на 25 км од Кичево) има околу 40 куќи, при што околу половината односно 20 куќи се полни со жители во текот на пролетните и летните месеци и тоа се луѓе кои доаѓаат дури и од Битола и Скопје каде што се иселиле нивните предци, но куќите ги одржуваат и живеат во нив кога е топло, а ги користат сите благодети на природата, произведуваат храна, собираат чаеви, шумски плодови, а дел од нив прават традиционални јадења коишто потоа и ги продаваат во градовите како слатка, различни видови на пити, чаеви, аронија и слично“, рече Јоноски.

Таа вели дека дел од пензионерите коишто имаат внуци во текот на летниот период ги носат исто така на село, месец или два додека трае летниот распуст што исто така е добро и за најмалите. 

„Но, во текот на зимските месеци бидејќи селото е на 995 метри надморска височина, во истото остануваат да живеат само 3 фамилии. Ова е така поради тоа што жителите се плашат од поголеми наноси на снег, од нередовното снабдување со намирници поради височината и оддалеченоста на селото од градот, поради тоа што би имале поголеми трошоци за снабдување со огрев и слично. Слично е и со селото Белица кое што се наоѓа на 15 километри од градот, но каде што населеноста е поголема во текот на целата година затоа што се наоѓа на помала надморска височина и е поблиску до градот, а има и локална продавница. Но, сепак и таму само 10-15 отсто од населението живее во текот на целата година заради истите причини кои што беа споменати погоре. Немаме доволно развиена инфраструктура ниту пак доволно ажурни институции кои што би реагирале веднаш при првите наноси на снег, а за тоа бевме сведоци и сега кога делови од села останаа без електрична енергија, а сме имале и такви случаеви каде што цели села останувале завеани од снегот со недели. Сето тоа влијае врз размислувањата и активностите на населението. Но, од друга страна пак она што би сакала да споменам е дека во поблиските села до градовите населеноста во текот на целата година не само од пензионерите туку и од помладата популација е поголема затоа што се повеќе поврзани со градот, па може и веднаш да се допре до институциите заради добивање на одредени услуги. Таков е случајот на пример со селото Србјани кое што речиси е и споено со градот Кичево и во кое што живеат 581 жител според последниот попис од 2021 година“, објаснува Јоноски.

Македонските градови се со високо загаден воздух кој си го зема данокот. Ако претходно високо загаден воздух имаше во Тетово, Скопје, Битола, сега тоа е случај и со помалите градови како Кочани, Кичево, Гевгелија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси