Бегството на Груевски ја ниша фотелјата на Мицкоски
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 18:35
Опозициската партија ВМРО- ДПМНЕ остана без својот почесен престседател Никола Груевски. Неговото заминување во Унгарија предизвика лавина реакции и во партијата кој тој долги години ја раководеше. Изјавите на лидерот Христијан Мицкоски, но и на неговите соработници, оставија впечаток во јавноста дека постои голема разочараност и гнев од неговата одлука да бара азил во Будимпешта.
Познавачите на состојбите велат дека Грувски замина во моменти кога партијата го минува најтешкиот период, разединета, со повеќе фракции и демотивирана. Такво расположение имаше и претходно, но врв на емоциите беше моментот кога седум пратеници решија да ги поддржат уставните измени спротивно на одлуката на раководството.
Извори оттаму велат за Фактор дека Мицкоски може да се соочи со дополнителни проблеми внатре во партијата особено што сега го нема Груевски, почесниот претседател кој во сенка беше негов голем грб и подджувач за политиките кои тој ги спроведува. Иако има и такви кои велат дека Груевски секако е во крилото со Сашо Мијалков, кој во последниот период е контра актуелниот претседател.
Сите се согласуваат дека авторитетот на Груевски кој сега во партијата го нема, може да доведе до конфузност внатре во партијата, особено што сега таборите кои не го поддржуваат Мицкоски ги става во позиција да создаваат поголем притисок да бараат избор на нов претседател на партијата. Ова осбено по низата критики од меѓународната заедница и сестринските европски партии дека ВМРО ДПМНЕ мора да се врати на европските вредности. Мицковски можеби сега ќе биде на вистински тест пред своето членство за да потврди дали има целосна поддршка од неговите сопартијци да ја води партијата.
Клучното прашање, велат нашите извори е дали Груевски и пoкрај тоа што е во Унгарија ќе се обидува да делува од надвор.
Овој дел од приказната слабо се наѕираше кога беше самото гласање по кое Мицкоски ги исклучи од членството досегашните сопартијци и видни членови Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Митко Јанчев. Тие секако, според познавачите не се тргнати на страна и најверојатно нема да седат мирно, па уште ќе имаат големо влијание во партијата, а можни се и нови фракции, нови партии.
Ѓ.Т.
Фото: Вмро Дпмне
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




