09 Октомври, 2024
0.0256

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Наскоро стапуваат на сила нови правила за влез во Шенген, и се очекува дека ќе има гужви на границите,  а агенциите кои испраќаат работници во странство очекуваат да видат во пракса како тоа ќе функционира. Тие жалат што нема олеснувања на процедурите за нашите државјани, но ќе мора да се прилагодат на новите услови. Додаваат дека и сега кандидатите за работа во странство поминуваат селекција пред самото заминување.

„Сега исто има строги правила. Кога ги праќаме работниците во Хрватска, мора да ги извадат потврдите за неосудуваност,  дипломите да им се преведени на хрватски јазик, се изготвува главниот договор и откако ќе потпишат, се аплицира за работна дозвола. Многу е битно дали ќе важат тие правила за оние со работни дозволи или за туристички влез, тоа не сме го добиле како информација. Мислам дека само влезот ќе биде отежнат,  не ми е логично да не вратат 10 чекори назад. И сега имаме документи кои ги спремаме пред да го пратиме кандидатот во странство“, вели Милан Џинлев од агенцијата Приорити солуции за вработување од Скопје.

Од друга агенција велат дека секој новитет создава одредена доза на несигурност.

„Секако дека процесот ќе биде посложен од апликација до реализација. Сите тие нови процеси, кои бараат дополнително време, ја одолговлекуваат процедурата, но претпоставувам дека кога ќе се прилагодиме, нема да претставува проблем. Генерално кога се соочуваме со нешто ново, го имаме тој момент на несигурност, но како агенција се стремиме сите информации да ги имаме невреме и добро да бидеме организирани“, велат од скопска агенција.

Донка Спасовска од агенцијата „Хоризонт“ од Скопје објаснува дека ќе треба време додека луѓето да се навикнат на новите правила, но тоа нема да го спречи или намали заминувањето на работниците во странство. Таа додава дека во регионот, Хрватска останува држава која е атрактивна за работа за нашите граѓани.

„Нема да го спречи движењето, затоа што и во короната имаше обврска за пополнување на апликација за патување. Не верувам дека тоа би го намалило  движењето на работниците. Хрватскиот пазар ги стабилизира цените и ги покачи платите и е примамлив“, вели Спасовска.

Од 10 ноември годинава на границите на Европската Унија(ЕУ), државјаните од земјите од Западен Балкан ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС). Според Европската комисија, ова правило не важи за деца помлади од 12 години. Оваа регулатива ќе се применува на сите земји од ЕУ освен Кипар и Ирска, како и на Исланд, Норвешка и Швајцарија како дел од Шенген зоната. Државјаните кои во ЕУ влегуваат со виза ќе треба да внесат само фотографија на лицето бидејќи отпечатоците се веќе регистрирани при поднесување на визата. Ќе се собираат информации за патната исправа и други лични податоци на патниците, вклучувајќи ги и датумите на влез и излез и електронски ќе бидат регистрирани во системот.

Дозволата за престој во ЕУ, односно во земјите од Шенген, се води како период од 90 дена во кои било 180 дена и се брои како еден период за сите европски земји кои користат ЕЕС.

Од средината на 2025 година, ЕТИАС ќе бара од граѓаните од околу 60 земји да пополнат посебен формулар преку интернет или мобилна апликација пред да патуваат. При првото пополнување на апликацијата, патникот внесува лични податоци, електронска пошта и телефонски број, како и детали од патната исправа. Патникот ќе треба да внесе и детали за образованието и тековното вработување, како и детали за планираното патување и престој во земјата на ЕУ. Ќе се бараат и детали за какви било кривични пресуди, претходни патувања во воени зони или конфликтни зони, како и информации за тоа дали лицето е депортирано од која било земја. Воедно, граѓаните ќе треба да платат такса од 7 евра.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/orioledesign

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот