09 Октомври, 2024
0.0313

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Нашата берза за струја во првите девет месеци има просечен месечен приход од продажба на електрична енергија вреден 7,55 милиони евра. Просечните цени на струјата изнесувале од 59 евра за мегаватчас во април, па до 136,8 евра во јули. Сигурно чекорејќи нашата берза за електрична енергија си го наоѓа своето место под сонцето

Македонската берза за електрична енергија, која работи на принципот тргување денеска за испорака на струјата утре, во првите девет месеци оствари продажба на струја вредна 68 милиони евра, што е резултат за почит. За првите 274 дена од годинава преку берзата за струја се истргувани 709.220 мегаватчасови електрична енергија, покажуваат официјалните податоци достапни на сајтот на МЕМО, националниот оператор на пазар за електрична енергија кој всушност управува со берзата за струја, достапни на овој линк https://dam.memo.mk/?page_id=253882&lang=mk

Месец со најголем промет на берзата, а воедно и со највисока просечна дневна цена бил јули. Во овој летен месец на берзата биле истргувани 98.842 мегаватчасови електрична енергија, а со нив е направен промет од 13,52 милиони евра. Просечната дневна цена била 136,8 евра за еден мегаватчас и досега (за првите девет месеци) таа е највисоката цена.

Најголема количина струја е истргувана во јануари, а тоа е очекувано затоа што во зимските месеци конзумот е најголем. Во првите 31 ден од оваа година се истргувани вкупно 102.327 мегаватчасови електрична енергија. Воедно тоа е единствен месец во кој се истргувани повеќе од 100.000 мегаватчасови електрична енергија на берзата. Во јануари просечната пазарна цена на струјата била 93 евра за еден мегаватчас.

Најниска просечна цена на струјата е постигната во април годинава и таа изнесувала само 59 евра за еден мегаватчас. Во тој месец вкупно биле истргувани 58.018 мегаватчасови електрична енергија, што всушност е и најмала истргувана количина струја на месечно ниво во првите девет месеци оваа година. Поради цената април е и месец со најмал промет, вкупниот приход од тргување изнесува 3,42 милиони евра.

Во последниот месец, септември прометот на берзата изнесувал 8,27 милиони евра. Просечната пазарна цена на електричната енергија за септември изнесува 106 евра за мегаватчас и е пониска од цените постигнати во јули и во август.

Цена пониска од 100 евра за мегаватчас на нашата берза е постигната во месеците: јануари, февруари 70 евра, март 65 евра, април, мај 78,4 евра и јуни 92,5 евра. Повисоки цени освен во јули (рекордната) и септември (последната) има и во август и таа изнесувала 127,5 евра за мегаватчас.

Берзата е организиран пазар за електрична енергија, единствен од таков тип во Македонија. Берзата има лиценца од РКЕ и нејзин основен квалитативен белег е што гарантира дека продавачот на струја ќе ги добие парите, а купувачот ќе ја добие платената количина електрична енергија во бараното време.

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот