09 Октомври, 2024
0.0464

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Францускиот алпски ски-центар Alpe du Grand Sere објави дека се затвора поради недостиг на средства за негово преуредување во туристичка дестинација за целата година.

Причината за затворањето е поради проблемите предизвикани од климатските промени, како што се намалувањето на снежните врнежи и скратената зимска сезона, објави Гардијан.

Локалните советници изгласаа затворање на ски-центарот, бидејќи повеќе не можат да плаќаат за одржување.

Поради оваа одлука, 200 луѓе ќе останат без работа, а одлуката ќе влијае и на блиското село Ла Морт, чија економија и население од 150 луѓе зависи од зимските спортови.

Сопственикот на локална продавница за спортови, Лоран Винченцо, изјави дека сите локални жители се „шокирани“ од одлуката.

- Тоа е страшна одлука која доаѓа два месеци пред да се отвори - рече таа.

Поради недостаток на снег во изминатите две години, патеките се отвораа подоцна, а понекогаш беа затворени и во текот на сезоната поради недостаток на снег.

Од 2021 година локалната самоуправа потрошила речиси три милиони евра за да го одржи ски-центарот отворен во текот на целата година, но надлежните велат дека повеќе немаат пари, пишува Танјуг.

Alpe du Grand Sere, на надморска височина од 1.368 метри, е најголемата скијачка станица во северните Алпи, која ќе биде принудена да се затвори.

Отворен е како зимски спортски центар пред 85 години и е второто најстаро одморалиште во регионот и има патека долга 55 километри и три жичарници.

Се проценува дека 180 помали француски скијачки центри биле принудени да се затворат од 1970-тите не само поради климатските промени, туку и поради лошото управување.


Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот