Бејли: Сите да излезат на гласање, посебно младите!
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016
Откако вчера пратениците се распуштија, дипломатите во земјава со пораки до гласачите на изборите закажани за 11 декември.
Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли на социјалната мрежа твитер ја нагласи потребата од учество на изборите на секој граѓани.
Тој посебно порачува младите да излезат на избори.
Гласајте како вашето гласачко право да зависи од тоа, е една од пораките на Бејли.
И еврокомесарот Хан на последната посета во земјава порача младите да гласаат.
За разлика од дел од македонските политичари кои акцентот повеќе го ставаат на повозрасната група граѓани, дипломатите секогаш укажуваат да се слуша и гласот на младите кои се моторот и иднината на секоја земја.