Бектеши: Ќе има помош за оние кои патуваат далеку на работа
Објавено во: Економија 01 Ноември, 2023
Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Аргумент Плус“ на ТВ24 откри дека во пакетот со антикризни мерки кој го подготвува Владата и наскоро треба да го објави, има мерка со која финансиски ќе се помогнат оние на кои им е потребно подолго време да стигнат до работното место.
- Ќе има субвенции за пензионерите, за студентите, средношколците, колку што се сеќавам, за тие што се вработени и патуваат на работа повеќе од одредени километри зошто биле повеќе погодени од зголемувањето на енергенсите и од билетите кои ги купувале за автобус и сличен превоз, рече Бектеши.
За тоа како ќе се реализира оваа помош, односно дали ќе биде во форма на пари на сметка, ваучери или нешто друго, за тоа ќе одлучи надлежното министерство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.