21 Јануари, 2025
0.0489

Бектеши пред Турците: Ќе влеземе во НАТО, очекуваме инвеститори

Објавено во: Економија 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Од поканата за членство во НАТО, Македонија очекува повеќе странски инвеститори. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека е оптимист за подобрување на економијата во земјава и поради подобрувањето на односите на земјата со надвор и одблокирањето на евроинтегративниот пат. Тој говореше пред турски новинари и бизнисмените од Турција кои веќе вложиле во земјава. Повика и нови турски компании да инвестираат овде поради географската положба на Македонија, но и поради можностите, кои како што вели, ги нуди актуелната Влада. Со тоа се согласуваат и постоечките турски инвеститори.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) Ајдован Адемоски вели дека двете земји имаат одлични политички односи, кои се пренасочуваат и на економски план, но вели дека има поголем простор за тоа.

„Турските инвестиции во Македонија се во вкупна вредност од 1,8 милијарди долари, додека трговската размена меѓу двете земји изнесува 400 милиони долари. Сакаме во следните години размената да стаса до една милијарда долари. Ги повикуваме инвеститорите од Турција да инвестираат овде во Македонија, затоа што земјава не е пазар од само два милиони, туку многу поголем односно од над 200 милиони луѓе, токму поради тоа што е поврзан со регионот и со Европа, рече Адемоски.

Министерот Бектеши рече дека Владата има отворена политика кон странските инвеститори.

„Од наредната надела, Македонија ќе стане и член на НАТО. По неколку години станува сериозна и стабилна држава и со сите околности велиме дека ќе има повеќе странски инвеститори. Имаме субвенции за отворање нови работни места и други поволности, рече Бектеши.

Инвеститорите кои веќе вложуваат овде ја пофалија бизнис климата. Повеќето турски вложувња се големи и успешни. Халк банка, ТАВ Македонија, Сити плаза холдинг, Џевахир веќе инвестираа овде.

„Халк банка има 40 филијали во Македонија и сме една од четирите најголеми банки во земјава. Финансираме мали и средни претпријатија и го помагаме домашниот развој рече Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халк банка.

Од 2010 година ТАВ Македонија го зголеми бројот на патници на скопскиот аеродром за 209 проценти и за 340 отсто од охридскиот аеродром, рече директорот на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

„Инвестиравме вкупно 120 милиони евра од кои 110 на аеродромот во Скопје. Бројот на патници на скопскиот аееродром кога го презедовме управувањето беше 603.000, а  на тој во Охрид 37.000. Во 2017 година имавме вкупно два милиони патници на двата аеродроми. Горди сме што сме во првите десет аеродроми на листата најдобри во Европа во последните четири години, рече Ерсој.

Турските новинари во Македонија ќе останат неколку дена.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута