08 Декември, 2024
0.0333

Бектеши: Владата не смее двојно да ги субвенционира компаниите со унгарскиот кредит

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, во денешната емисија „Вин Вин“ на Телма, рече дека државата не смее да им дели поволни кредити на компаниите и да ја субвенционира каматата од унгарскиот заем од 250 милиони евра, ако претходно некој од тие бизниси веќе добиле каква било форма на државна помош.

- Во Македонија е забрането двојното субвенционирање. Тоа треба да се пријави во Комисијата за заштита на конкуренцијата и да се провери. Ако каматата што деловните банки ќе им ја наметнат на компаниите што ќе аплицираат биде 5,25 отсто и при тоа државата од тоа субвенционира 2,25 отсто, тоа по мои пресметки би било 8 милиони евра пари годишно од државниот буџет. Ако кредитите се 15 годишни, за 15 години тоа би било 120 милиони евра, рече Бектеши.

Функционерот на ДУИ се сомнева дека стопанството има потреба од дури 250 милиони евра од унгарскиот кредит за модернизација и опремување, во ситуација, како што рече, кога домашните банки работат со голема ликвидност.

 Коментирајќи го предлог Буџетот за 2025, рече дека има помалку пари за конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопатски делници од законскиот договор.

„Има помалку пари предвидени за Коридорот 8 и Коридорот 10Д. Која е причината, треба да објаснат. Дали немаат доволно капацитетити за решавање на спорови и експропријација за да отворат терен ан Бехтел и Енка или слично“, наведе тој.

Бектеши додаде дека за три до четири пати се зголемени ставките во Буџетот за 2025 за купување службени возила, а за 7-8 пати за купување мебел.

„Договорните услуги се зголемени за над 13 отсто, парите се зголемени и за привремени вработувања. Што значи тоа? Дека сакаат да го одолговлечат Законот за еднаква етничка застапеност, за да ги направат тие вработувања по партиски клуч?“, прашува Бектеши.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат