27 Ноември, 2024
0.0297

Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Бимилк во изминатата година делуваше проактивно во однос на ценовната политика и ги намали цените на најкупуваните млечни производи. Исто така, со наменски мерки насочени кон фармерите влијае и го поттикнува примарното млекопроизводство со цел одржливост на млечната индустрија во земјава. Една од најголемите млекарници во државата работи во полн капацитет и непрекинато го снабдува пазарот со млечни производи. Ова беше констатирано при денешната посета на Бимилк од страна на министерот за економија, Крешник Бектеши.

Создавањето услови за долгорочна одржливост на млечната индустрија и инвестиции во производството се дел од долгорочна стратегија на Бимилк.

„Бимилк како една од најголемите компании за преработка на млеко и млечни производи е еден од најзначајните фактори за домашната млечна индустрија. Не само што сме двигател на млечната индустрија, туку сме и значаен стопански фактор што влијае врз локалниот развој и со свој импут во економските показатели на земјата. Врз нашата работа ја носиме одговорноста за секојдневно и континуирано снабдување на пазарот со неопходните млечни производи, за ценовната одржливост и достапноста до граѓаните, за одржливоста на фармите и зголемувањето на млекопроизводството. Дури и во кризните години, што ги доживуваме во континуитет со бројни предизвици, ние дејствуваме проактивно со ценовни интервенции каде беше најпотребно и инвестираме во млекопроизводството со набавка на 250 јуници за развој на домашните фарми. Тоа се нашите приоритети и покрај сериозните проблеми со кои се соочуваме. Ситнењето и затворање на краварските фарми, создава реална загриженост за млекоснабдувањето на земјава и тоа не само сега, не само годинава туку и за понатаму и тоа уште поизразено. Тоа е реалноста во млечната индустрија, а за промена е потребна национална и долгорочна стратегија“, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.

При посетата, министерот Бектеши беше запознаен со производните капацитети и стандардите на работа на млекарницата.

„Бимилк е една од општествено одговорните компании кои излегоа во пресрет во оваа ценовна криза и ги намалија цените на своите производи и се една од компаниите од млечната индустрија кои не ги зголемија цените кога заврши важноста на првите мерки на Владата за ценовната криза. Менаџментот на Бимилк покажа дека во ова кризно време се голема општествено одговорна компанија и со тоа им излегуваат во пресрет на граѓаните. Во делот на намалување на цените и мерките кои ги носи владата за инфлацијата, денес добивме одлични податоци од ова компанија која само за една година кога има глобална инфлација и глобално зголемување на цените во млечната индустрија, речиси за 25% имаат намалување на цената на нивните производи во малопродажба, што значи ако во октомври претходната година цената на млекото била 82 денари, моментално во малопродажба се движи од 60 до 62 денари и сме убедени, дека на таков начин и ќе продолжи што значи дека како општествена одговорна компанија и како компанија која се грижи за своите потрошувачи и без одлуката на владата направиле големи напори се’ со цел намалување на цените. Голема благодарност од мое лично име, во име на владата и на потрошувачите и преку вакви примери кои треба да се следат од сите производители и  увозници, може сите заедно да влијаеме во подобрување на животниот стандард на граѓаните“, истакна министерот Бектеши.

Бимилк како прва и најстара млекарница во земјава, е еден од најголемите производители на млеко и млечни производи во Македонија. Со 71 година искуство и работа, секојдневно го снабдува пазарот и ги задоволува дневните потреби за млеко и млечни производи на повеќе од милион потрошувачи. Млекарницата директно вработува повеќе од 220 луѓе, а заедно со соработниците и компаниите со кои работи, овозможува егзистенција за околу 1500 семејства во земјата. Има воспоставено долгогодишна соработка и поддршка на своите кооперанти-фармерите млекопроизводители, која опфаќа вложувања во современа опрема и технологија за преработка на млеко, едукација, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, вклучително и иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството.

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции