27 Ноември, 2024
0.0264

Бектеши: Задолжителното средно образование му прави штета на пазарот на труд

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за економија, Крешник Бектеши, кој беше говорник на панелот на тема „Улогата на градежништвото во економскиот развој на државата“ во рамки на Конференцијата за патна инфраструктура, на која дел од панелот беа и присутни и универзитетски професори, нагласи дека навистина треба сериозно да се размислува, во интерес на економијата, доколку средното образование треба да биде задолжително кај нас.

„Мораме искрено да кажеме дека сите се соочуваме со исти проблеми и навистина мора да почнеме да правиме избор кој ќе има корист за економијата во целина. Зборуваме за невработеност од 13 или 14%, ако ја погледнете структурата на невработените ќе забележите дека се фиктивни бројки, само ако ја погледнете структурата без да навлегувате во детали, додека целата економија се соочува со недостаток на работна сила, да не зборуваме и за тоа колку се квалификувани и подготвени да влезат на пазарот на труд кај нас“ - рече Бектеши.

Исто така, министерот Бектеши додаде дека Министерството за образование, економските ресори, вклучително и Стопанската комора, треба сериозно да размислат дали да продолжиме со задолжителното средно образование или целосно да го смениме делот што ќе биде во интерес на стопанството. 

„Во принцип, можеби тој момент не е во интерес на родителите, но среднорочно и долгорочно, убеден сум дека тоа ќе биде во интерес на државата“, порача министерот.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите