Белгискиот град Лиеж добива сопствена валута
Објавено во: Свет 07 Јуни, 2014 18:22
Од 14 јули во белгискиот град Лиеж ќе биде во оптек нова локална валута „валере“, која ја воведуваат градските власти за да ја поттикнат локалната економија.
Еден валере ќе вреди едно евро, а заинтересираните жители ќе можат да го купат на интернет и со него ќе можат да плаќаат во 20-тина локални продавници. Во оптек ќе бидат банкноти од еден, пет и десет валереа.
Во областа Валонија веќе со во оптек локални монети во три града - ропи во Монс, минуто во Брен и лоренски епи во Витрон. Еден ропи исто така има вредност од едно евро, но се купува за 97 центи, со што корисникот во старт заработува три центи. Сопствениците на продавници кои го прифаќаат, подоцна можат да го разменат за 95 центи.
Идејата заз „солидарни пари“ не е нова, но експлодираше со актуелната криза на еврото. Локалните пари се комплементарно средство за плаќање, кое не ја исклучува единствената европска валута, но е замислено како модерен вид на трампа.
Тој не може да се користи во големите дистрибутивни и трговски центри, како и во мултинационалните компании, а се користи и во ограничени географски рамки. Овој пристап добива се повеќе приврзаници во Европа, но и светот. Го прифатија многубројни градови и региони, па така се смета дека во светски рамки има дури околу 5.000 комплементарни и алтернативни монети.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




