Добивај вести на Viber
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ руши рекорди со своето работење.
Соопштено е дека во 2015 година имал исклучиво добри резултати и очекуваната добивка е 3.314 милјарди динари, што е најдобар резултат досега.
Бруто добивката е 3.971 милјарда динари, што е за 6% повеќе во однос на 2014 година. Аеродромот имал рекорден промет на патници и стоки, а во буџетот на Србија по основ на дивиденди и меѓудивиденди уплатил 2.2 милјарда динари.
„Во 2015 година примивме повеќе од 4.77 милиони патници. Новиот историски рекорд донесе покачување за 3% во однос на 2014 година. Бројот на полетувања и слетувања е ист, а превозот на стоки и пошта е зголемен за 25, односно 34%“- рече генералниот директор Саша Влаисављевиќ.
Тој очекува дека и оваа година ќе имаат слични резултати, а изминативе два месеци од 2016 година даваат надеж. Се надеваат дека белградскиот аеродром ќе се најде на листата на 20 најдобри аеродроми, кои најпрецизно го обавуваат авио сообраќајот.