18 Декември, 2025
0.1851

Белопета: Ова што го прави Министерството за култура го нема ни во Африка

Објавено во: Македонија, Интервјуа 13 Март, 2019 06:45

Добивај вести на Viber

Новата распределба на државните пари за годишната програма на Министерството за култура повторно ги вознемири македонските уметници и културни работници. Овој пат доделени се средства за култната манифестација Skopje Jazz Festival, како и за Of-Fest кои се под иста организациска „капа“ на Оливер Белопета. Сега фестивалите добиваат по три милиони денари од институцијата со која раководи министерот Асаф Адеми, но се чини дека тоа не е доволно за продолжување на традицијата. Белопета во разговор за Фактор вели дека вакво водење на постапките за доделување на средства за годишната програма нема никаде на Балканот, а веќе ниту во африканските држави. Конкурсот бил објавен во ноември лани, а дури на почетокот на февруари беа соопштени првичните резултати при што имаше скандалозни одлуки за финансирање на манифестации од „тазе“ формирани организации. Исто така Белопета критикува за долгото спроведување на постапката бидејќи манифестациите веќе се планираат, програмите треба да се затворат и да се направи план, а допрва ќе следува поднесување и одговор на жалби, правење планови и дури потоа склучување на договори за манифестациите. Од Министерството за култура пак велат дека повторното разгледување на пријавите е извршено согласно принципите на професионалност, разновидност и креативност, следејќи го гласот на културните работници и професионалци.

Фактор: Најпрво обвинувавте дека е лага тврдењето на Министерството за култура дека не сте поднеле соодветни документи за конкурсот. Дали по повторената постапка ги поднесовте сите документи и дали сте задоволни од одлуката?

Белопета: Ова е период кога би сакале повеќе да разговараме за програми, но ете во 21 век Министерството за култура функционира како да се наоѓа во Бурунди и практично корисниците дури денеска нешто дознаа со кои средства може да располагаат. Инаку, на првата објава која беше на 8 февруари Џез фестивалот и Оф фест беа изоставени со образложение дека не сме поднеле документи, згора на се имаше груби зборови од министерот дека не сме сакале да поднесеме, дека сме настапувале од позиција на сила, а таква моќ во државата освен политичарите не знам дали ние обичните смртници ја имаме. Од фестивалот реагиравме дека се работи за комплетни невистини, тоа и се докажа бидејќи во меѓувреме во министерството се направи увид и се утврди дека сите документи постојат, најверојатно некој намерно ги криел што е можно кривично дело кај некој член од комисијата. Немаше потреба да доставуваме дополнителни документи.

Фактор: Дали очекувате опаѓање на квалитетот на програмата на Скопски џез фестивал и Оф фест годинава со средствата кои се предвидени?

Белопета:Тоа лошо чуство продолжи и кога ги видовме резултатите од втората објава, каде се вклучени Скопје џез фестивал и Оф фест, но со преполовени средствата за оваа година. Со тие суми не може да се сочува високото меѓународно ниво на манифестациите кои може да се претворат само во локални фестивали. Со овие средства апсолутно немаме волја фестивалот да го уништиме, односно може да се одржат еден или два проштални концерти, и не сакаме ние покрај министерството да учествуваме во рушење на меѓународното ниво на фестивалот. Увидовме и грешки во оценувањето на апликацијата што влијае врз бодовите, а со тоа и на висината на одредената сума, па затоа повторно ќе вложиме жалба. Скопскиот џез фестивал ќе се одржи по 38 пат, а Оф фест годинава по 18 пат, па овие грешки ќе мора да се отстранат.

Фактор: Може ли да "преживее" Скопскиот џез фестивал или Оф фест без државна поддршка, нема ли доволно донатори и покровители кои би биле подготвени да ги поддржат манифестациите?

Белопета:Само еден фестивал во светот кој е поседуван од приватна компанија од САД се финансира од сопствени средства. Секаде во светот, а особено во Европа фестивалите на џез и особено на ворлд музиката се финансираат директно од државата, без оглед дали од националните или регионалните министерства за култура. Сосема јасно, тоа е едноставно правило која музика е комерцијална и како може да се финансира и која музика е некомерцијална и затоа на друг начин не може да се организира ваков вид на фестивал со меѓународно значење.

Х. С. 


(Фото: Petra Cvelbar) 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери