БЕНДОТ ЈА ДОНЕЛ ПИРОТЕХНИКАТА, А ОДГОВОРНИОТ ЗА НЕА, ЗА ЖАЛ, Е ЕДЕН ОД ЗАГИНАТИТЕ - Тошковски вели дека ќе биде подготвен извештај за Обвинителството
Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 12:17
Бендот ДНК ја донел пиротехниката во дискотеката во Кочани, а таа доведе до страотниот пожар.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната пресконференција рече дека ова е сознание по разговор со еден од членовите на бендот.
Лицето што било задолжено за употреба на пиротехничките средства, за жал, го загубило животот во несреќата.
По завршувањето на увидот, ќе биде подготвен извештај за Обвинителството, кој ќе ги утврди деталите и ќе се процени дали за пиротехниката требало да се поседува сертификат за употреба, како што е пропишано со закон.
Тошковски истакна дека дискотеката била сместена во објект кој е наменет за лесна индустрија, а не за угостителство, што ја прави неадекватна за ваков тип на настани. Во целиот клуб имало само два противпожарни апарати, што дополнително ги зголемува ризиците.
Концертот на бендот ДНК бил организиран без формален договор со одржувачите на клубот, што дополнително ја става под прашање безбедноста на настанот. МВР не било информирано за овој настан, а според законот, организаторите имале обврска да ги обезбедат сите потребни услови за безбедно одржување на такви настани.
Фото: ЕПА
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




