Бенефициран стаж и 500 евра плата побара Независниот синдикат на градежници
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2017
Независниот синдикат на градежните работници, инжeнери и трговци во градежништвото ќе бара бенефициран стаж за градежните работници и минимална плата од 500 евра.
- Градежниците се издржливи и жилави, но до кога? Исто како и машините кои се прегреваат и мора да се изгаснат, така и работниците треба да се одморат. Новата влада мора да се ангажира за покачување на минималните плати на работниците, односно за зголемување на минималната саатнина. Тие во предизборието ветија дека ќе направат коалиција со работниците. Затоа им се обраќам и ги повикувам за соработка – рече инженерот Атанас Трајковски, претставник на Синдикатот.
Тој нагласи дека градежниците работат во ненормални услови, лете и зиме, на големи висини и по 10-12 часа дневно.
Трајковски најави жестока и упорна борба за правата на градежните работници.