БЕРБА ПОД МАСКИ: Овоштарите се плашат дека нема да можат да најдат сезонци
Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Јули, 2020
Поради пандемијата на Ковид -19, овоштарите во Ресен и Преспа се плашат дека нема да можат да најдат сезонци за берба на јаболка.
Околностите налагаат да се носат маски, и да се држи дистанца, но мали се шансите дека годинава ќе ангажираат работници од соседна Албанија како што правеа изминативе години.
„Маски ќе мора да се носат, за ракавици не е проблем, затоа што нив секако ги носиме, јаболка се берат со ракавици. Дистанца може да се одржува ако еден работник бере јаболка на едно дрво, но сепак тешко ќе биде да се најдат сезонци, и поради неизвесноста со границите. Претходните години имавме работници од Албанија. Тие доаѓаат да работат, на некои места имаа обезбедено сместување или пак сами си наоѓаа. Јас сум работела со 5 сезонци и ние домашните 4 члена. Но, има луѓе кои ангажираат по 7 или 10 сезонци, зависно од потребата“, вели Фросина Ѓорѓиевска, сопственик на овоштарник во Преспа.
Сезонската работа во овоштарниците почнува при крајот на август или на почетокот од месец септември.
Горан Талевски, овоштар од селото Долна Бела Црква, објаснува дека ќе биде тешко да се најдат работници, затоа што нема доволно работна сила во регионот, за да ги задоволни потребите на Ресен, Преспа и Охрид. Претходните години овој проблем го решаваа со работници од соседна Албанија или од другите градови од Македонија.
„Јас во просек ангажирам од 8 до 12 сезонци за берба. Ја следиме состојбата со бројот на заразени во Македонија и во Албанија. За да се соберат 200 тони јаболка, потребни се повеќе работници, а да се одржи дистанца ќе биде неизводливо. Но, имам уште време пред нас до бербата и ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, рече Талевски.
Љубе Пампулески, претседател на здужението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен вели дека луѓето се плашат затоа што последниот месец, Ресен беше погоден, и имаше голем број заразени од коронавирусот.
„Се работи со механизација, но за берба си треба работна сила. Бербата е клучен момент и ако тие 30 дена не се обезбедат работници, можно е јаболката само делумно да бидат собрани“, изјави Пампулески.
Во овој дел од земјата 2.220 семејства се занимаваат со овоштарство, односно површина од 4.500 хектари е под овошни насади, претежно јаболка.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.