БЕРЛИН Е ИЗБРАН ЗА ГРАД НА ГОДИНАТА: Кој критериум придонесе да се искачи на врвот?
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2024
Германскиот град Берлин е прогласен за град на годината.
Списанието „Food and Travel“ го прогласи Берлин за град на годината поради неговата богата и разновидна гастрономска понуда. Овој град ги победи Бордо, Кејп Таун, Дубровник, Сеул, Сиднеј, Токио и Цирих.
Буркард Кикер, кој работи за туристичкиот портал „Visit Berlin“ го пофали Берлин.
„Воодушевени сме што читателите го препознаа кулинарскиот потенцијал на Берлин. Оваа награда покажува како храната стана вистинска причина за патување“, објасни тој.
Берлин долго време е познат по својата фантастична храна, најмногу поради многубројните бранови на миграција. Се вели дека турските имигранти го измислиле донер ќебапот во Кројцберг во 1970-тите.
По падот на Берлинскиот ѕид, овој град повторно се наметна како гурманска метропола. Дури и во поранешните источни области, како што се Мите или Пренцлауер Берг, денес има бројни ресторани со меѓународна понуда.
Покрај горенаведеното, „Food and Travel Magazine“ ги прогласи најдобрите дестинации за долги и кратки патувања. Јужна Африка ја презеде титулата топ дестинација за долги патувања, а Шпанија за кратки патувања.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.