БЕРЛИН ГИ ИЗНЕВЕРИ ОЧЕКУВАЊАТА НА ЕКОНОМСКИТЕ ЕКСПЕРТИ: Нема силно закрепнување на германската економија годинава
Објавено во: Економија 30 Март, 2024
Економијата на Германија ќе порасне за само 0,1 отсто во 2024 година, се вели во пролетната прогноза што денеска ја објавија пет водечки германски економски истражувачки институти.
Економските експерти значително ги намалија очекувањата во однос на претходната есенска прогноза, кога веруваа дека економскиот раст на Германија во 2024 година ќе изнесува 1,3 отсто.
Експертите очекуваат економски раст во Германија од 1,4 отсто во 2025 година, додека наесен предвидуваа 1,5 отсто, се наведува на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Германската економија покажува циклични и структурни слабости, а очекуваното закрепнување што треба да започне напролет нема да биде силно, смета шефот на економските истражувања за светската економија во Институтот во Кил, Стефан Кутс.
Приватната потрошувачка во Германија порасна подоцна и со помал интензитет отколку што очекуваа експертите.
- Германскиот извоз се намали и покрај растот на глобалната економска активност, пред се затоа што побарувачката за капитал и суровини, кои се важни за Германија, беше слаба, се посочува во извештајот.
Во пролетната прогноза се наведува дека инфлацијата во Германија ќе биде 2,3 отсто во 2024 година и ќе падне на 1,8 отсто во 2025 година.
Експертите очекуваат базична инфлација од 2,8 отсто во 2024 година и нејзин пад на 2,3 отсто во 2025 година. Стапката на невработеност во Германија, според експертите, веројатно ќе биде 5,8 отсто оваа година и 5,5 отсто во 2025 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.