Бернанке под притисок
Објавено во: Анализа 21 Октомври, 2012 12:07
Ова е графикон коj ни ја покажува инфлацијата на месечна основа споредена со истиот период лани. Се додека инфлацијата не надмине три проценти Бен може да продолжи со неговата политика.
Коментари сепак почнаа да доаѓаат од новите сили како Бразил, Русија и Кина.
Развиените земји не смеат преку валутни игри да го бараат излезот од кризата. Ваквите стравувања доѓаат од Бразил земјата која се чини дека е најпогодена од лабавата монетарна политика на САД. Бразилците се плашат дека приливот на долари кои го бараат патот низ светот ќе стигне кај нив и притоа ќе предизвика шпекулативен раст на активите. Секако тоа значи увезена инфлација и многу главоболки за тамошната економија.
Бразил има причина да се плаши. Неговата валутата историски јакне спрема доларот, па така денеска со два бразилски реала може да се купи еден долар. Пред само десет години беа потребни четири. Ова на Бразил генерално не му одговара бидејќи е држава која има блиски трговски врски со САД, но од 2009 година најголем партнер и е Кина која и дава сесрдна подршка во нејзините барања. Впрочем Кина си има сличен проблем со САД (само таму таа е “лошиот”).
Од друга страна бидејќи Европа е во поглеми проблеми, нејзината валута иако флуктуира, паѓа спрема доларот, што значи добива некој степен на конкурентност и нормално од таа страна на океанот никој не се буни:
Како што гледаме од овој график, курсот на доларот е значително зголемен во споредба со еврото иако во зависност од одлуките што се носат постојано има осцилации.
Ова е само еден аспект на она што во моментов се случува во светската економија, но станува јасно дека економиите стануваат поврзани една со друга преку многу силни врски. Многу тешко е да се носат избрзани одлуки. Секој зависи од секого, посебно големите сили. Политиките кои ги превземаат економиите се навистина нетестирани досега и многу е тешко да се предвиди крајот на целата приказна. САД сепак сеуште се доминантна сила без која заздравување не е можно. Можеби токму поради тоа засега не чувствуваат поголеми притисоци од нивните партнери.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





