06 Октомври, 2024
0.0304

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: Брокерите извадија колку за семки!

Објавено во: Економија 12 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Генерално на пазарот очекувано владее летната летаргија која е засилена од лабилноста и неизвесноста на политичката сцена во земјава. Целиот промет е помал од 350.000 евра, а брокерите оваа седмица извадија буквално само за семки Конечно акција успеа да направи најголем поединечен промет во седмицата што е зад нас по пет седмици доминација на обврзницата за денационализација од 14 емисија. „Алкалоид“ беше најтргувана акција на нашиот пазар со реализација од 9,4 милиони денари во класично тргување на берзата. Обврзницата за денационализација по пет седмици доминација престана да биде најбараната хартија од вредност на нашиот пазар и тоа е делумно заради послабата понуда, но и заради тоа што се засити апетитот на купувачите – инвеститори. „Алкалоид“ оваа седмица се тргуваше во маргина од 4.780 до 4.700 денари за акција. Неговата маргина оваа седмица беше за 20 отсто пократка од претходната седмица кога изнесуваше 100 денари. Сепак неговата најниска постигната цена и оваа седмица беше на исто ниво како и претходната недела. Седмичниот промет со таа акција во последната седмица е за 34 отсто поголем од претходната седмица. Тоа значи дека на оваа ценовна маргина поголем број инвеститори се одлучиле да купат акции на „Алкалоид“ веројатно заради тоа што веруваат дека ова е ценовното дно и дека по објавата на финансиските резултати од вториот квартал на пазарот ќе се внесе оптимизам и заради позитивните резултати цената на таа акција ќе има основа да расте. Од овој аспект тоа е секако добра инвестиција особено што треба да се има во предвид историскиот податок дека секогаш во овој период од годината пред објавата на кварталните извештаи цените на акциите се пониски од цените што се постигнуваат по објавата на финансиските резултати. Втора акција според обем на остварен промет, очекувано, е „Комерцијална банка“ единствената акција на подсегментот „супер котација“ на нашиот пазар на капитал. Таа акција има промет од 2,2 милиони денари и оваа седмица се тргуваше на најниска годишна цена од 1.700 денари за акција. До крајот на трговската седмица цената се подигна и крајната цена за затворање во перочното тргување беше 1.735 денари за акција. Прометот оваа семдица во споредба со претходната беше понизок односно безмалку преполовен. Тоа не беше резултат само на скромната понуда на продажната страна. Беше забележливо дека инвеститорите потенцијални купувачи тактизираат и чекаат да видат дали ќе може да ја спуштат ценовната маргина под фамозните 1.700 денари за акција. Зошто чекаа и беа стрпливи? Затоа што и во овој квартал „Комерцијална банка“ да излезе со негативен финансиски извештај односно да покаже дека работи со загуба. Се друго би било чудо за многумина особено заради тоа што многумина инвеститори знаат дека банкат не завршила со процесот на „чистење на билансите“ односно со решавање на прашањата со побарувањата кои се потешко наплатливи. Од тој аспект логично е да се чека и да не се купува кога се очекува дека следната вест од таа компанија е мнгоу веројатно дека ќе биде загуба во работењето. Тоа веројатно и логично е да влијае негативно врз цената на акцијата. Трета акција што имаше промет над маргината од еден милион денари е „Макпетрол“. Дури за нијанса имаше поголем обем на тргување од „Комерцијална банка“. Реализацијата беше 2,6 милиони денари што е 37 отсто повеќе од тоа што го оствари претходната седмица. И кај таа голема македонска компанија инвесторската заедница очекува негативен квартален извештај. Зошто тогаш се зголемува обемот на тргување во ценовна маргина од 18.500 до 18.000 денари? Ако се знае дека иде негативен извештај и дека ќе може да се купи макар и малку поевтино, оти логично е да е така? Е веројатно има некој што сака да покаже дека не е така и дека таму има „маркет мејкер“ што нема да дозволи да оди цената пониско од границата 18.000 денари за акција. Нема ништо официјално ниту од неофицијалната најава дека мала група незадоволни акционери се подготвува за вонредно собрание на кое ќе побара отчет од Андреја Јосифовски и од неговиот тим. На подсегментот задолжителна котација оваа седмица честа ја бранеше „НЛБ Тутунска банка“ со реализација од 0,9 милиони денари со ценовна маргина од 5.500 до 5.490 денари за акција. Втора беше обичната акција на „Стопанска банка Скопје“ со реализација од 0,27 милиони денари во ценовна маргина од 339 до 330 денари за акција.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта