БЕСА контра Ахмети - Тие што ни одземаа двајца пратеници немаат легитимитет пред Албанците
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2017 15:20
Движењето БЕСА денеска соопшти дека ја поддржува заедничката Декларација на албанските партии, но оти нема да прифаќа состаноци иницирани од лидерот на ДУИ.
- Тие кои беа главни виновници што на БЕСА и се одземаа два пратеника и да и се дадат на ВМРО, немаат веќе легитимитет да ги застапуваат Албанците, ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија, наведува БЕСА во соопштението.
Според БЕСА, ваквите иницијативи за средби се со лоши намери и имаат за цел, како што се вели, само да ги рехабилитираат оние кои 15 години го уништувале интересот на Албанците во Македонија.
- Затоа, се додека нема иницијатива за свикување на тркалезна маса според она како што сме се договориле, тоа значи дека нема воопшто да се организира. Состаноците кои се одржуваат во име на Декларацијата, повеќе личат на разговори за коалиција на ДУИ –Алијанса, отколку на масата договорено со Декларацијата, се вели во соопштението.
Од БЕСА посочуваат дека ова не го спречува спроведувањето на Декларацијата, бидејќи тие се уште ја поддржува оваа платформа и кога нејзините точки ќе дојдат во Собранието на Република Македонија, ќе бидат поддржани од нивните пратеници.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




