БЕСА ПОДНЕСУВА ПРИГОВОРИ: Може да му земе пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во двојката?
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 15:10
До 14 часот во ДИК нема стигнато ниту еден приговор од политичките партии во однос на изборните единици .
Меѓутоа, од движењето БЕСА најавија дека ќе поднесат приговори за изборната единица 2 каде што сметаат дека ќе добијат уште еден пратеник доколку истите се прифатат а ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби еден мандат.
Од таму објаснуваат дека разликата меѓу БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ е околу 200 гласа, а ако ДИК ги прифати приговорите, БЕСА во ИЕ 2 ќе има двајца пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ место девет, ќе има осум пратеника.
„Разликата во втората изборна единица е само 200 гласа. Се уште правиме анализи бидејќи имаше разлики во бројките на сајтот на ДИК. По изборни единици гласовите се внесени правилно, но бројката во вкупна сума не е точна. Зошто ова се јавува не знаеме. Имаме информациите дека во два записници од едно избирачко место има различни податоци“, вели Кастриот Реџепи од БЕСА.
Приговорите што ќе ги поднесат се однесуваат на групно гласање, гласање за друго лице, притисоци, обиди за бугарски воз, полнење кутии.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




