Беше 68 дена на респиратор и преживеа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Шкотски пилот помина 68 дена на респиратор во Виетнам и преживеа.
Пилотот познат низ Велика Британија како „Пациентoт 91“, Стивен Камерон, поминал цели 68 дена на респиратор во болница во Хо Ши Мин, Виетнам. Камерон беше последниот пациент на интензивната нега во тамошната болница, но и една од најтешките случаи на коронавирус кои се третирани.
Во земјата со околу 95 милиони луѓе има само неколку стотици потврдени случаи на зараза, а според Би Би Си, нема смртни случаи. Пилотот стана познат како „Пациент 91“, што е бројот што му е доделен кога се разболел во март.
43-годишниот Камерон вели дека е крајно благодарен на виетнамскиот народ.
„Јас сум особено благодарен за проклетата упорност на лекарите кои одлучија дека нема да умрам“, рече Камерон.
Шансите на Камерон за опстанок беа многу мали, само околу десет проценти. Десетици експерти и специјалисти одржуваа конференциски повици секој ден за да разменуваат мислења за состојбата на Камерон.
За време на десетнеделната кома, Камерон изгубил дури 20 килограми, а мускулите атрофирале до таква мера што едвај можеше да ја крене ногата за неколку сантиметри. Тој исто така страда од посттрауматско стресно нарушување и епизоди на депресија. Сè што сака сега е, кога ќе закрепне, да се врати во Шкотска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.