18 Декември, 2025
0.0618

БЕШЕ АМНЕСТИРАН ЗА КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК: Што и кој може да го спаси Љупчо Димовски од притвор?

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2019 06:50

Добивај вести на Viber

Љупчо Димовски е еден од пратениците кои беа амнестирани за случајот од 27 април.

Тој се спаси да не оди во затвор со амнестијата, но денеска може да заврши во притвор доколку му се одземе пратеничкиот мандат.

Заедно со уште тројца екс министри Димовски се сомничи за злоупотреба  на службената положба и го оштетиле буџетот за речиси 1 и пол милион евра. Според обвиниението Љупчо Димовски, Ацо Спасеноски, Михаил Цветков, сите од партијата на Социјалистичката партија на Ѕинго, но и Христијан Делев се осомничени дека им прогледувале низ прсти на закупувачи кои не ја плаќале закупнината во времето на нивното министерување. 

Цветков и Делев добија притвор од 30 дена, додека Спасеноски  заврши во куќен притвор. Дали ќе оди во притвор Димовски пратениците ќе се изјаснат денеска. Се додека Димовски има пратенички имунитет тој е заштитен и не може да му се одреди притвор.

Димовски е политичар, беше генерален секретар на СПМ и министер за земјоделствово периодот 2009–2014.

Како Димовски може да се спаси со пратеничкиот имунитет?

Согласно со Уставот, пратениците уживаат два вида имунитет: неодговорност на пратеникот (материјален или суштински имунитет) и неповредливост на пратеникот (процедурален имунитет). Заедно, овие два вида имунитет ја обезбедуваат слободата на пратеникот во вршењето на пратеничката функција и независностана претставничкото тело во вршењето на законодавната власт.

Неодговорноста на пратеникот значи неможност пратеникот да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење, или за гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела. На таков начин, материјалниот имунитет ја гарантира слободата на говорот, но не го штити пратеникот од одговорност за искажано мислење надвор од седниците на Собранието или на неговите работни тела. Така, на пример, пратеникот нема да одговара, ако навреди друг пратеник или граѓанин во собраниската дебата, но ќе одговара за навреда што ја сторил надвор од Собранието. Овој вид имунитет не може да биде предмет на расправа за одземање и важи и по престанокот на мандатот на пратеникот.

Материјалниот имунитет не ја исклучува ниту должноста на пратеникот да го почитува Деловникот на Собранието. Претседателот на Собранието има право да го отстрани пратеникот од седницата, кога и покрај опомената или одземањето на зборот, тој и понатаму го нарушува редот на седницата или употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Собранието. 

Неповредливоста на пратеникот (процедурален имунитет) се однесува на кривичните дела сторени надвор од претставничкото тело. Овој вид имунитет не значи  дека против пратеникот не може да биде покрената постапка за утврдување на кривична одговорност, или пак дека пратеникот не може да биде осуден за кривично дело. 

Процедуралниот имунитет значи неможност пратеникот да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. 

Во првиот случај, надлежниот орган поднесува барање до претседателот на Собранието за одобрување притвор на пратеник. Во вториот случај, надлежниот орган го известува претседателот на Собранието дека пратеникот е притворен затоа што е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Надлежниот орган го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот дури и кога тој не се повикал на својот имунитет. 

Претседателот на Собранието, барањето за одобрување притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која е  должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кој се однесува барањето. Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена одлучува дали ќе даде одобрение за притвор на пратеникот. 

Ако Собранието не одобри притвор, пратеникот ќе биде веднаш пуштен на слобода, дури и ако пратеникот не се повикал на имунитет. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија